X
 01.10.2020 Култура

Премиера на „Стела“ и филмски викенд во Синеплекс

Со почетокот на новиот месец имаме и 4 нови филмски премиери кои со нетрпение ги очекувавме.

Стела – најновото македонско филмско остварување, во кое главната улога е на шарпланинката Стела и на тинејџерот Петар Маниќ, кој совршено ја носи и главната улога на Никола, дете кое е мета на малтретирање во училиштето во Германија од каде што и бега и пристигнува во родната грутка на татко му – Галичник. Тука го очекуваат многу изненадувања....Денес во 18:30 часот, во фоајето на киното е закажана премиерата со дружење и сликање со глумците и кучето од филмот.

Хакер – дански филм синхронизиран на македонски јазик од Стефонатор и Гораст Цветковски. Кога тинејџерот Бенџамин дознава дека неговата мајка можеби сè уште е жива и дека данската тајна служба можеби е вмешана во нејзиното исчезнување, Бенџамин и неговата другарка Савана тргнуваат во авантура да ја дознаат вистината.

Мулан – Дизниевата класика оваа година доби свој римејк во долгометражен игран филм. Мулан е главната хероина на овој филм, каде што таа преправајќи се во маж, ја брани честа на својата фамилија, а успева да го постигне невозможното – цела нација и императорот да се гордеат со неа.

Војна со дедо – Семејна комедија со ветераните на Холивуд, Роберт де Ниро, Ума Турман и Кристофер Вокен. Кога дедо му на Петар се вселува во неговата соба, тој му објавува војна за да си ја врати својата соба назад.

Friday Movie Night 2.10 – Петок е ден за уживање во кино и со посебна цена од 150 денари, одбравме 5 одлични филма со кои ќе си поминете филмски.



Семеен викенд 3 и 4.10 – Првиот викенд во октомври го пречекуваме со Семеен викенд на кој може да изберете од листата со 7 филма по цена од 150 денари.

Настаните во кино се организирани според протоколите на Владата за организирање настани во затворен простор. Да ги почитуваме протоколите, за ваша и наша сигурност. #ДаБидемеОдговорни

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Култура