Униформи, часови по пливање со превоз и опрема, парични награди... Каква помош нудат скопските општини за основците?
Да се биде ученик е слично и истовремено различно во секоја општина. Секоја општина си има своја стратегија, приоритет, програма како да им помогне на родителите, како да ги стимулира основците во тековната школска година, па и да ги награди за успесите или, пак, да им го разубави летото. Во последно време честа е појавата на донирање школски униформи, еднократен паричен надоместок за првачињата, школки прибор, стипендирање на ученици, наградување, финансирање летен одмор... Им излегуваат во пресрет на ранливите категории, им се овозможува пливање на децата со попреченост...
Средношколци од Кочани освоија прва награда за дигитален билборд што го чисти воздухот и може да носи заработка од реклами
Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани создадоа дигитален фотосинтетски билборд кој освен што го прочистува воздухот, нуди можност за прикажување дигитални визуелни реклами каде што ќе имаат можност да се рекламираат општествено одговорните компании
Теона Алексова, Елизабета Златкова, Натали Веселиновска, Борис Шалевски, Гаврил Гацов се учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани што ја освоија главната награда за идејно решение за справување со климатските промени и заштита на животната средина на буткампот на UPSHIFT програмата.
Македонците ги зафати тркачка еуфорија - трчаат од задоволство, соборуваат лични рекорди, а бараат и професионални тренери
Во пресрет на Скопски маратон, ако се направи кратка, нестудиозна анализа, забележлив е растот на бројот на рекреативни тркачи кои бркаат лични резултати, кои се во трка за да се надминат себеси и да го подобрат својот перформанс. Информации, совети, тренинзи, препораки може да се најдат многу на интернет, но забележителен е и бројот на тркачи кои сериозниот пристап кон трчањето го покажуваат со приклучување во атлетски клуб или работа со тренер или, пак, изработка на индивидуални тренинзи од наши веќе докажани имиња со врвни резултати, со цел да се оствари најдобар личен резултат.
Ги прашавме атлетичарите Александар Кираџиев, Кокан Ајановски и Иван Пешовски кои се нивните впечатоци за зголемувањето на бројот на натпреварувачи кои се силно заразени од познатата „тркачка еуфорија“.