X
 01.12.2021 Култура

За 10 милиони евра поголем буџетот за културата за идната година

Предлог-буџетот за културата за 2022 година ќе изнесува 3 милијарди 855 милиони 548 илјади денари, или 62.692.000 евра. Тоа е речиси 10 милиони евра повеќе од буџетот годинава, соопштуваат од Министерството за култура. Од Министерството додадоа дека за поддршка на проектите од национален интерес во културата за 2022 година, од буџетот се издвоени над 17 милиони евра.

На годишниот конкурс, кој првпат се реализира преку електронска апликација, пристигнале 3.800  пријави, кои автоматски добиле и архивски број. По административната проверка на доставената документација, службите констатирале дека голем број од пријавите се со нецелосно исполнети барања од Конкурсот. Од тие причини, Министерството одлучи да даде дополнителен рок од уште 15 дена.

- Во интерес на корисниците, Министерството одлучи да даде дополнителен рок од уште 15 дена. Корисниците што ќе добијат е-пошта, ќе можат да ги докомплетираат пријавите. Фактот што речиси 2/3 од стасаните пријави се нецелосни, што веројатно се должи на небрежноста на апликантите, нѐ наведе на овој чекор. Од утре, 2 декември, до 16 декември е рокот за дополнување на пријавите - рече министерката за култура Ирена Стефоска.

фото: Министерство за култура


Издвојуваме

Култура