X
 02.05.2021 Наша тема

Мила Билеска ќе студира на „Принстон“, терапија со коњи, платите во високото образование...

Што истражувавме?
Во случај да пропуштивте...

„По скалилата на успехот“ со Рамадан Шукри: Младите треба да ја продолжат традицијата на нашето музичко културно богатство: Целиот живот ѝ го има посветено на музиката. Пораснат е во музичка фамилија, а и самиот тој успешно одгледа свое музичко семејство - неговите деца се веќе етаблирани во оваа уметничка гранка. Станува збор за нашиот маестро Рамадан Шукри. Тој е контрабасист, и тоа 44 години како вработен во рамките на Македонската опера и балет, сè до неговото пензионирање.

Пливање со коњи и дружба со животни - идеја за терапија за лицата со посебни потреби во зелениот центар на Мариа Дуда Дибиаџио: Мариа има план да направи зелен центар за рехабилитација на лицата со посебни потреби бидејќи верува дека тоа е најдобриот начин да предизвика насмевки на нивните лица, но и да ја поттикне нивната самодоверба дека и тие можат да бидат продуктивни во општеството.

Неделков: Ако редовен професор на факултет сега зема плата од 36.000 денари од државата, од септември ќе зема 39.600 денари: Повисоките плати се предвидени со Колективниот договор кој ќе има примена во високото образование и кој е прв ваков договор од осамостојувањето на Македонија. Освен делот за финансиите, во Колективниот договор има и нормативен дел, со кој се регулирани начинот на вработување на работници во високото образование и наука, одговорностите при работа, дисциплинските постапки, платените отсуства

Мила Билеска ќе студира физика на „Принстон“: Ако успеам да дадам одговор на некои од дилемите во науката, мојот сон ќе се оствари: Едноставно сакам да спознам сè од областа на физиката и да најдам решение за сѐ уште неодговорените прашања, бидејќи физиката ја сметам за основа на целокупното постоење и функционирање. Во различните нејзини гранки се содржи целата мудрост на универзумот

Колумна на проф. д-р Ратко Дуев: За предложениот колективен договор и платите во високото образование: Зошто СОНК по 20 г. се заинтересира за високото образование? Во изминатите 15 г. СОНК успеа платите на вработените во основното и во средното образование да ги покачи за 60%. УКИМ доби само 10%. Дали колегите што сметаат дека овој колективен договор е добар можат да ми објаснат зошто ние не добивме покачување од 60% изминатите години?

Да се добие паричен додаток за нега од друго лице е невозможна мисија, се чека и по 6 месеци за термин кај комисијата: Дали некој треба да добие додаток за нега од друго лице, одлучува Комисија, но до неа со месеци не може да се стаса од причина што матичните лекари не можат навреме да закажат термини. На хартија институциите велат дека сè функционира, но луѓето на кои им се потребни овие средства велат дека во практика е сосема поинаку.

Како народот ги градел обичаите за Велигден? Кај нашиот народ постојат повеќе поговорки во кои се споменува Велигден. Така, на пр. се вели: „Секој ден не е Велигден“ или „Катаден Велигден не бидуват“, „Ден за ден дојде и Велигден“ или: „Велигден голем ден“, „На Велигден на благ ден“ итн., со што се укажува не само на фактот дека Велигден се чека со посебна возбуда, туку и на значењето на овој празник.

Колумна на доц. д-р Атанас Кирјаковски: Дигитални реформи со аналогни последици врз децата и младите: 
Квалитетот на учебниците? Ајде навистина да дискутираме за квалитетот на учебниците, но без демагогијата на министерката Мила Царовска и наместо политикантски, да разгледаме што вели науката за најавените „реформи“ во образованието.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Како се прави манастирски леб од природен квасец?
Познат е како манастирски леб зашто монасите постојано го јадат. Многумина го користат и за време на постите. Карактеристичен е токму поради процесот на природна ферментација. Брашно, вода, кисело тесто (природен квасец - маја) и сол се единствените состојки на манастирскиот леб

Издвојуваме

Наша тема