Колку се реални петките од основно - се гледа во средно!
Голем број основци се запишуваат со континуиран одличен успех во средно, но ретко кој успева да го задржи до завршувањето на средното образование. Низата предизвици со кои се соочуваат средношколците, новата средина, покомплексниот материјал, новата програма, новото социјално опкружување не им се така лесни. А плус на површина испливуваат и петките добиени од ракав.
Речиси 30 години наназад Гоце Трпков, или попознат како диџеј Гоце, или Гоце САФ, е најзастапеното име во скопскиот ноќен живот, но и пошироко. Почнувајќи од далечната 1993 година, кога со неговата веќе култна група САФ го издаде првото демо, Гоце е еден од носителите на диџејската, пред сѐ, хип-хоп култура кај нас.
СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Борис Ангелков (80), дипломирал на Ветеринарниот факултет во Белград во 1966 година - Нѐ викаа македонска ударна бригада зашто на испити бевме многу подготвени
Студирав во минатиот век. На Белградскиот универзитет се запишав во 1961 година, се сеќавам, по Конференцијата на неврзаните. Белград, за мене, тогаш беше прозорец кон светот, се присетува на студентските денови битолчанецот Борис Ангелков, еден од првите дипломирани ветеринарни лекари во Пелагонија, а подоцна и професор на Високата земјоделска школа и на Факултетот за биотехнички науки во Битола.
„Михајло Пупин“ запиша рекордни 10 паралелки - се формираат ученички компании, училиштето само произведува струја, се учи роботика, 3Д-печатење...
Во текот на септември се одржа обука за спроведување на програмата за ученичкa компанија на „Џуниор Ачивмент Македонија“, на која професорите Aња Манчевска и Сенад Сејфиќ од Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ освоија први места за идејно решение поврзано со формирање ученичка компанија.
Веќе штедиме на струја, зимницата и автомобилите ни се свети, а ќе кратиме на излегувањата: Што покажа анкетата за подготовките за зимава
Студените денови полека се приближуваат и ние веќе имаме главоболки поради најавите за енергетската криза и сумите на сметките за струја и другите трошоци, кои веќе се зголемени, па дури и превисоки за многу жители на Македонија. Властите низ светот, а и кај нас, со месеци предупредуваат дека нè очекува најтешката зима по Втората светска војна, што нè инспирира да направиме анкета и да ги прашаме нашите читатели како се подготвуваат за зимава.
Меморијалниот комплекс и музеј АСНОМ зафаќа површина од околу 8,5 хектари. Одличен е за пикник, риболов, разни активности, но може да се ужива и во благодатите што ги нуди, како чист воздух, тишина, но и бујна вегетација под сенка со прекрасни летниковци и катчиња за уживање и релаксација