X
 03.03.2021 Образование

Владата ја усвои Концепцијата за основно образование

На вчерашната седница Владата ја усвои Концепцијата за основно образование, за која во подготовката беа вклучени сите засегнати страни, се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации. Во подготовката на документот од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.

Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството, што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН, пишува во соопштението од Владата.

Посебно место во Концепцијата има континуираниот професионален развој на наставниците, насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.

Издвојуваме

Образование