X
 03.07.2022 Живот

За студентскиот живот на д-р Митов, реновирањето на студентските домови, професионалниот пат на Симона... Што пишувавме неделава

Oд тоалети до фотоволтаични панели - целосно ќе се реновираат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Кон крајот на јули или почетокот на август ќе биде распишан тендерот од Министерството за образование и наука за избор на фирма која ќе ги реконструира студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје.

Евгениј Поп Ацев - прв на „Прв до врв“, петти во триатлон, а неделава ќе плива на Светско во Унгарија

И покрај резултатите што ги имам постигнато, сѐ уште имам неостварени цели и желби, на пример, Олимписките игри и уште повисок пласман на Светското првенство, што ми дава дополнителна мотивација, но исто така и повторувањето на некои остварени резултати кои многу ми значат, вели Евгениј

Кога бев студент со д-р Александар Митов: „Во прва година учев и по 17 часа на ден“

Уште не знам дали да се каам што толку многу учев или не. Дали тој резултат ми донесе придобивки – да, секако. Но, дали мораше просекот да биде 9,9, од денешна перспектива би рекол дека не мораше. Еднаш се случи да ми протече крв од носот од многу учење и тоа ме потсети дека морам да намалам, вели д-р Митов


Проф. д-р Намита Субиото од Универзитетот во Љубљана: Одбранети се над 80 дипломски и магистерски трудови од областа на македонскиот јазик и книжевност

Во речиси секоја генерација има студенти кои покажуваат голем интерес за македонистика и кои освен што сериозно студираат, учествуваат и во преведувачки проекти, на научни конференции, настапуваат на културни манифестации, известуваат за македонистички теми во медиуми, истакнува професорката Намита Субиото, која изминативе дваесет години ја води Катедрата за македонски јазик и книжевност при Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитет во Љубљана

Симона од Скопје двапати магистрирала меѓу најдобрите во Германија, а сега е глобален продукт-менаџер во „Милтенји биотек“

Симона Шенбакар израснала меѓу бетонските згради во Скопје и боровите шуми во Берово, дипломирала биохемија и клеточна биологија во Германија, каде што завршила две магистратури, влегувајќи меѓу најдобрите студенти од генерацијата. Сега е глобален продукт-менаџер во „Милтенји биотек“, приватна компанија чиј фокус е на неколку полиња, како имуноонкологија, регенеративна медицина, а сржта на бизнисот е патентираната MACS (Magnetic activated cell sorting) технологија, преку која се сортираат групи и подгрупи на клетки од една клеточна суспензија.

Издвојуваме

Живот