X
 03.10.2021 Наша тема

За Македонката што доби „Еми“, рекордерот во трчање Дарио Ивановски... Што пишувавме неделава

Проф. Николчо Велковски: Опожарените површини треба повторно да се пошумат: Примената на дронови, камери, контролни станици, изградбата на набљудувачници, воспоставувањето електронски систем на следење на дрвната маса која се извезува од шумата, откривањето и казнувањето на оние што прават штети во шума и оние што предизвикуваат пожар и други заштитни и контролни активности можат многу да помогнат во заштитата и зачувувањето на шумите, вели професорот Николчо Велковски, професор на Шумарскиот факултет во Скопје.

Дарио Ивановски држи 8 рекорди: По долго трчање се чувствувам како суперхероj: Дарио Ивановски го собори националниот рекорд на 10.000 метри стар 41 година. Дарио Ивановски го собори државниот рекорд на 5.000 метри стар 39 години. Државен рекорд на Дарио Ивановски на 1.500 метри. Дарио Ивановски освои злато во Сан Марино и постави нов македонски рекорд на 3.000 метри! Дарио е балкански шампион на 3.000 метри во сала!

Дневник од шест писатели за 2020 - најчудната година во модерната историја: Босанската писателка Лана Басташиќ кон крајот на 2019 година им понуди на група писатели од најновата генерација од речиси сите земји создадени со распадот на Југославија да учествуваат во проектот „Заеднички дневник“.

Македонка и нејзиниот сопруг - добитници на „Еми“ раскажуваат како е да се работи и живее меѓу холивудските ѕвезди: Наградата „Еми“ првпат е во рацете на Македонка. Благодарение на нашата Александра Кочоска-Дековиќ од Скопје, Македонија пишува историја во филмската индустрија! Таа е дел од тимот кој оваа година победи во категоријата исклучителни специјални визуелни ефекти во поединечна епизода во серијалот „Ѕвездени патеки: Откритие“.

Прв час на факултетите - како ќе се одвива наставата, објаснува ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски: Наставата на повеќето државни и приватни универзитети во земјава и оваа студентска година ќе се одвива различно, според условите што ги имаат факултетите за почитување на протоколите за заштита од ковид-19. На поголемите факултети, каде што има и поголем број студенти, каде што не може да се обезбеди целосно почитување на протоколите, наставата ќе се одвива на далечина или, пак, студентите ќе бидат поделени во помали групи за да може наставата да ја следат со физичко присуство.

„Не се откажувам од семејната традиција, која трае речиси 100 години“, вели Благородна Кулева, единствената жена јажар во Македонија

Го сакам јажарството, се чувствувам убаво кога го работам и не сакам да ја оставам семејната традиција, која почнала во далечната 1927 година, а јас ја одржувам во последните 25 години“, вели велешанката Благородна Кулева-Ноне, која е единствената жена во Македонија што се занимава со јажарството.

Издвојуваме

Наша тема