X
 04.03.2021 Здравје

ИЈЗ: За 56% зголемен бројот на новозаразени во споредба со претходната недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 22 до 28 февруари 2021 се тестирани вкупно 20.161 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 27,2% повеќе во споредба со минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 града во државата со зголемување од 56,4% во споредба со минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и во Кавадарци (641,4/100.000)
Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=911, 25,1%). Голем број заболени е регистриран и кај лицата во возрасните групи 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49 (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.
Пријавени се 69 смртни случаи од 20 града, за еден случај помалку во споредба со минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50 до 59 години, 3 лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице на возраст од 30 до 39 години.

Издвојуваме

Здравје