X
 04.04.2022 Наша тема

11 години Факултети.мк

На денешен ден пред 11 години Факултети.мк се појави на македонската дигитална медиумска сцена и оттогаш станува препознатлив и реномиран портал кој со своите интересни, актуелни и разновидни теми им го привлекува вниманието на читателите. Професионално, одговорно, балансирано, навремено и точно пишува за теми од образованието, науката и културата како примарен фокус на интерес, но истовремено пренесува забавни и интересни информации од сите сфери на животот од светот.

Почетоците како и секогаш беа ентузијастички и тешки, но идејата да се направи портал кој ќе се грижи и ќе ги претставува интересите на студентите, нивните проблеми, нивните желби и успеси, кој ќе ги промовира вредностите во образованието, достигнувањата во науката и културата, ги привлече читателите и достигна читаност од милион посети месечно.

Редакцијата, која растеше и се менуваше низ годините, никогаш не загуби од својата посветеност да се искреира еден сериозен медиум кој пласира илјадници текстови, колумни, вести... Дигитален медиум кој пренесува еминентни професори и наставници, учители и учителки, писатели, сликари, уметници од секаков вид, актери, музичари, доктори, хумани пензионери, спортисти и авантуристи... на своите дигитални страници кои ги следат илјадници посетители.

Издвојуваме

Наша тема