X
 04.10.2021 Живот

„11 Октомври“ за Атанас Вангелов, Павле Кузманоски, Бедиа Бегова и за Махи Несими

Филологот Атанас Вангелов, сликарот Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими се добитници на годинашната државна награда „11 Октомври“. Ова е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државава, кое традиционално се доделува на Денот на востанието.

Од Министерството за култура соопштија дека Вангелов ја доби наградата за животно дело во областа на науката и образованието, додека Кузманоски, Бегова и Несими ја добија наградата за животно дело во областа на културата и уметноста.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 Октомври 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Македонија.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот