X
 04.10.2022 Живот

Се плаши да им каже на воспитувачките дека му се оди во тоалет, па неколку пати се измочкал. Како да постапам?

Син ми има 4,5 години, а оди во градинка од 9 месеци. Пелените ги остави на 3 години и досега сме немале проблем, ниту со ноќно ниту со денско морење (како дома, така и во градинка). Пред две недели во градинка се измочка (3 дена по ред) за време на спиењето. Еднаш бил буден кога се измочкал и му било страв да им каже на учителките, дури и се тресел. Го советувавме да им каже на учителките да го носат во тоалет пред спиење, дека нема потреба ниту да трпи ниту да се плаши. Но, повторно се случило истото, а учителката ми кажа дека барал повеќе пати да го носат во тоалет. Секогаш пред да го носам во градинка, одиме до кај мене на работа (на негово инсистирање) за да оди во тоалет, а кога разговараме за тоа, ми кажува дека во градинка никогаш нема да оди по голема нужда, а доколку му се мочка, ќе ѝ каже само на едната учителка, која пред две недели беше отсутна и мислам дека оттука почна проблемот. Мислам дека ова веќе му станува опсесија и стравот да не се измочка повторно, всушност, придонесува да го направи токму тоа. Ве молам за совет како да постапам за да не се влоши ситуацијата.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк



Издвојуваме

Живот