X
 05.03.2021 Интернационални огласи

Програма за истражувачки престој во канцелариите на Светската банка во Вашингтон

Програмата за истражувачки престој „Роберт С. Мекнамара“ на Светската банка е наменета за истражувачи од областа на економијата низ светот.

За време на програмата, одбраните кандидати ќе учат за моментални истражувачки стандарди, ќе учат нови економетриски вештини и ќе соработуваат со водечки истражувачи во областа во канцелариите на Светската банка во Вашингтон. Програмата трае 8 месеци, а успешните кандидати ќе добијат надомест од вкупно 42.750 долари за овој период.

Кандидатите треба да имаат магистерска диплома во поврзана област или да се на докторски студии, како и да не се постари од 35 години. Пријавувањето трае до 30 април.

Повеќе информации може да најдете овде
Активен до:    30.04.2021

Издвојуваме

Интернационални огласи