X
 05.10.2021 Образование

Наставничките и наставниците се нашите херои!

Светот денес им оддава почит на луѓето кои одбрале да се занимаваат со најблагородната професија, а тоа е просветителството. Денес е 5 Октомври - Меѓународен ден на учителките и учителите. Живееме во време кога суштината на образованието и потребата од квалитетна едукација на децата особено доаѓа до израз. Здравствената криза ни покажа колку образовниот систем е кревок, а предизвиците кои ги донесе пандемијата можат многу негативно да се одразат врз знаењето на учениците, особено кај најмалите и да создадат празнини кои тешко дека некогаш ќе можат да се надоместат доколку немаме квалитетен наставен кадар кој ќе успее ефектите од тие предизвици навремено да ги анулира и да ги заштити нашите деца, изјави по повод Денот на учителот, министерката за образование Мила Царовска.

Таа најави дека наскоро ќе следуваат и значајни измени на законското решение за наставниците и стручните соработници во основните училишта, за кои, иако во моментов има одредени пречки, таа нагласи дека е сигурна дека ќе постигне целосна политичка согласност и најавените измени ќе ги усвоиме. Со измените е предвидено да им се овозможи на наставниците полесно да се вработуваат во училиштата, оние што работат со договори на определено да добијат трајни решенија и економска и правна сигурност, да почне редовното исплаќање на додатоците на плата кои ги заслужуваат, исплатата да биде правно регулирана, а платата да им се зголемува континуирано со секое зголемување на минималната плата.

Издвојуваме

Образование