X
 05.10.2025 Живот

За водителот Агим Џело-Заб, колекционерот Спасе Манев, средношколци не одат на училиште зашто немаат превоз... Што пишувавме неделава?

Спасе Манев е колекционер на сѐ уште важечки банкноти: „Најтешки за собирање се банкнотите што не се од Европа“

Спасе Манев е колекционер на банкноти. Колекционери на стари банкноти постојат многу, но тој се разликува од другите затоа што е колекционер на важечки банкноти. Хобито му е еден вид медитација, а сѐ почнало со неговите патувања, низ Македонија и во странство.

Интервјуирал светски музички ѕвезди на концерти од Македонија до Австралија, водителот Агим Џело-Заб во февруари ќе прослави 30 години со „Металманија“


Култниот хеви метал бенд „Ајрон мејдн“ го гледал седум пати на концерт, „Металика“ четири, а за „Дип парпл“ не ни брои колку пати. Музичкиот водител, креатор на најдолгата телевизиска музика емисија во земјава - „Металманија“, Агим Џело-Заб, присуствувал на концерти на познати рок- и хеви метал бендови низ целиот свет.

Стотици средношколци што учат во Прилеп, а живеат во други општини не одат на училиште зашто немаат ученички превоз


Стотици средношколци од општините Долнени, Крушево и Кривогаштани кои учат во Прилеп се спречени да одат на училиште зашто не им е организиран задолжителниот бесплатен училиштен превоз. Обврската е на Општина Прилеп, каде што овие ученици се запишани во средните училишта, а постапката за избор на превозник била обжалена.

Издвојуваме

Живот