X
 05.11.2019 Здравје

ONE HOSPITAL- најсовремена медицинска опрема и врвен медицински кадар, сѐ на едно место

ONE HOSPITAL е отворена за секого, секој ден од годината, обезбедувајќи примарна и секундарна здравствена нега, како и врвна дијагностика во центарот на Тетово. Со речиси 100 вработени, од кои 20 доктори и над 40 медицински сестри, ONE HOSPITAL претставува медицински центар кој се протега на 3000 м2 и нуди комплетни дијагностички и болнички услуги.



Со ONE HOSPITAL се поставува нов концепт на дијагностика и третман во областите на општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија со естетика, ортопедија, интерна медицина со комплетен ендоскопски и колоноскопски пакет, педијатрија, неврологија, урологија, радиологија, гинекологија, стоматологија, ортодонција и орална хирургија.
ONE HOSPITAL е опремена со ПЕТ/КТ скен, една од најпрецизните дијагностички методи на нашето време што се користи во областа на онкологијата за детекција на тумори, одредување на стадиумите на туморот и негово ширење, планирање радиотерапија, откривање како телото реагира на третманот и одредување дали туморот е малиген или бениген.

ONE HOSPITAL поседува и МРИ 1.5 тесла уред кој обезбедува уште подетална и посигурна дијагноза на болеста. Одделот за радиологија поседува и апарат за повеќеслојна компјутерска томографија, мамографија, дезинтометрија на коски, рендген, ехо.
Одделот ONE ESTHETICS применува напредни процедури од светска класа, користејќи софистицирана и модерна опрема и технологија, а нашиот тим го водат врвни специјалисти со долгогодишно искуство. Ги нудиме следниве процедури: ботокс и филери, трансплантација на коса, дерматологија, отстранување на лузни, ласерска епилација, козметичка стоматологија, импланти, пластична и реконструктивна хирургија.
ONE HOSPITAL се разликува од другите медицински центри по неколку важни аспекти и затоа претставува лидер во болничка терапија и третман.


Еве неколку причини зошто ONE HOSPITAL:
- Атмосферата во болницата е апсолутно пријателска и топла, така што со влегувањето во ONE HOSPITAL пациентите се чувствуваат сигурно и опуштено, што е од особена важност за одржување и градење на заемната доверба.
- Поради ПЕТ КТ и МРИ 1.5, ONE HOSPITAL претставува еден од ретките медицински центри во регионот кој ја има најновата технологија за рано дијагностицирање и третман на тумори.
- Компетентен медицински персонал кој е комплетно фокусиран на пациентите: експертскиот тим на ONE HOSPITAL се состои од врвни доктори со искуство, знаење и ентузијазам да дијагностицираат и да лекуваат широк спектар на здравствени проблеми и состојби со користење светски докажани методи, опрема и технологија.
- Услугите на ONE HOSPITAL се достапни 24 часа во неделата, со удобност и хигиена на многу високо ниво според сите светски стандарди.
ONE HOSPITAL има свои поликлиники и во Скопје и Гостивар.



За компанијата
За повеќе информации, јавете се на 389 (0) 443444414
email: contact@onehospital.mk или
моб.тел.: 389 (0)78822777
Тагови:

Издвојуваме

Здравје