X
 06.02.2021 Забава

Утре гледајте ја најновата сказна од „Светот на Биби“ – „Кражба во музејот“

Утре на edukacija.svetotnabibi.mk ќе имате можност да ја гледате најновата сказна „Кражба во музејот“. Во неа зазулчињата Зуф, Зуи и Зик повторно прават проблеми. Сè почнува еден убав сончев ден. Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминуваат покрај Природонаучниот музеј и... Одеднаш се слуша силен аларм, а од музејот истрчуваат – три зазулчиња! Тие носат еден мал камен – метеор. По нив трча чуварот на музејот. Биби и Боби се шокирани. Зазулчињата ги снемува во паркот (кој е спроти музејот), Зази и Зина се погледнуваат – па и тие се стрчуваат по нив. Биби и Боби не знаат што да кажат. Зошто зазулчињата го украле каменот? И каде отишле? Одговори на овие прашања ќе добиете утре!

„Кражба во музејот“ е и најновата сликовница од „Светот на Биби“. Автор на текстот е Билјана Црвенковска, а илустрацијата е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо.





„Сказните на Биби“ се најгледаните анимирани видеа од „Светот на Биби“. Децата ги обожаваат токму поради тоа што се интересни и имаат волшебни заплети. Од друга страна, секоја бајка има своја поука. Па така, тие се омилени и меѓу родителите. кои еднакво го сакаат брендот. Сликовниците од „Светот на Биби“, пак постојано добиваат награди и признанија. Тие се пишувани и илустрирани од истакнати автори за деца. За кратко време овие сликовници станаа најпродавани и ние веруваме дека тоа е токму поради квалитетот и довербата што ја „Светот на Биби“ ја ужива кај родителите.

Покрај најновите сказни, на edukacija.svetotnabibi.mk може да се најдат и многу едукативни видеа и активности за децата.

Издвојуваме

Забава