М-р Сефер Цаноски, директор на АУЕ-ФОН
Во текот на минатата година Американскиот универзитет на Европа-ФОН се ребрендираше во либерален универзитет и започна да имплементира систем со кој најавивте голем број новини за студентите. Можете ли подетално да ни објасните за што се работи?
- АУЕ-ФОН како високообразовна институција која постои од 2003 година во нашата држава неколку пати во своето постоење се менуваше и се прилагодуваше согласно потребите на општеството.Од jануари 2020 година, Универзитетот започна промена која имаше цел да го реформира во полиберален и попристапен кон потребите на новите генерации студенти свесни дека се потребни ресурси и време за имплементирање на стандардите кои ги бара денешницата.
Согласно американските, но и европските критериуми и стандарди ни беше потребно речиси една година да го уредиме техничкиот простор како и опременоста на Универзитот во делот на академските потреби и да ја збогатиме библиотеката со најновите наслови. Во новиот кампус во кој Универзитетот предвидени се сите критериуми и стандарди со кој АУЕ-ФОН ќе треба да стане најдобриот во регионот и пошироко.
Се разбира кампусот, зградата и техничките помагала ќе бидат потребни за акредитација во САД, додека најважниот сегмент и предизвик за нас е збогатување на искуствата и прилагодување кон новите стандарди и на академскиот кадар.
Изминатава година Универзитетот усвои буџет со кој се надградува кадарот со професори кои своето образование го стекнале во САД или работеле во некои американски универзитети низ светот.
Како ретко кој Универзитет во овој дел на Европа, Вие воведувате американски систем на студирање. Може ли да им го доближиме на сегашните и идните студенти за да ги видат неговите предности во однос на другите системи?
- Несомнено е дека американскиот систем важи за еден од најквалитетните во светот. Посебно во делот на приватното образование во САД, но и генерално важи за исклучително квалитетно и секогаш дел од универзитетите се во првите места на светските ранг-листи. Наша цел е да ги прилагодиме потребите на идните генерации и на модерното време кое го живееме, со искрена намера да им го зголемиме знаењето учејќи од најновата светска литература, како и да ги пренсеме практичните искуства кои се потребни да создадеме генерации подготвени да се соочат со сите предизвици на денешницата. Пристапот и контролата која ја носи овој систем ни дава за право да се заложиме за поголеми и подобри резултати во образовниот процес. Во фаза се акредитации со нови програми кои се креирани согласно највисоките стандарди и во кои главниот акцент се става на студентот. Во фаза на имплементација е и нов менаџмент-систем на Универзитетот. Во фаза на акредитација се и нови насоки, како на пример во делот на ИТ факултетот збогатен со нови две насоки во делот на роботика, сајбер-секјурити и друго. Истовремено АУЕ-ФОН отвора една нова перспектива во делот на медицинските науки и ќе започне со поддршка на овој сектор кој има дефицитарен кадар кај нас и пошироко, каде во фаза на акредитација се програми за медицински сестри, физиотерапевти, радиолози и сл.
Од Америка назад на македонскиот универзитет АУЕ-ФОН
Една од оние што се вратиле од САД во нашава држава е
Вера Сотировска, Doctor of Philosophy - EHHS College: Education, Health & Human Sciences, Major and Department: Education, Curriculum and Instruction
Студиравте во САД, во систем на образование кој многу се разликува од нашиот. Какви се Вашите искуства од студирањето во Америка, како Вие го видовте тамошниот образовен систем?
- Имам завршено интердисциплинарни мастер-студии во областа: Literacy, Language and Technology на Washington State University во државата Washington State каде што се занимавав со истражување во областа на образованието. По завршувањето на Fulbright master студиите, со моите истражувачки трудови аплицирав за докторски студии на University of Idaho, поточнона College of Education, Health, and Human Sciences каде што студирав Curriculum and Instruction со фокус на применета статистика во образовните науки и работев како асистент-истражувач на проект од национален карактер, фокусиран на подобрување на образованието и унапредување на наставните програми.
Фокусот на докторскиот истражувачки труд беше да конципирам психометрички инструмент тестиран преку CFA (Confirmatory Factor Analysis) анализа која ќе се користи во образованието. Во текот на последниве пет години самостојно, но и заедно со мојата менторка Dr. Margaret Vaughn од Washington State University, имам работено на 12 (дванаесет) истражувачки проекти кои беа презентирани на конференциите: AERA (American Educational Research Association) и LRA (Literacy Research Association) во Соединетите американски држави и издадени во peer-reviewed journals како на пример Reading Psychology, the Peabody Journal of Education, Language Teaching Research, Early Childhood Education Journal и.т.н.
Сега сте повторно дома и вработени на Американскиот универзитет на Европа- ФОН. Како и што ќе имплементирате од искуствата во американскиот образовен систем за македонски студенти?
- По моето вработување на АУЕ-ФОН, планирам да ги имплементирам квалитативните и квантитативните истражувачки принципи на работа во наставата. Предавањето сакам да биде во фокусот на студентите и нивните професионални и академски цели. Најмногу би се посветила на имплементирање на evidence-based practices поткрепени со истражувачки трудови издадени од етаблирани академски списанија.
Би имплементирала различни истражувачки форми, како на пример: case studies, systematic literature reviews, data-driven research со методи за подобрување на наставата. Би сакала да воспоставиме програми каде што студентите ќе имаат ментори и интердисциплинарни компоненти во студирањето за да се здобијат со теоретско и практичнo искуство кога ќе дипломираат.
Дамјана Видичевска, дипломиран студент на Факултетот за странски јазици при АУЕ-ФОН
Вие сте корисник на Фулбрајтова стипендија, стипендија добиена под менторство на проф. д-р Татјана Срцева-Павловска од ФСЈ, која зад себе има студиски престој во рамките на американската програма SUSI во областа на американската книжевност. Може ли да ни објасните колку во тоа Ви помогна образованието во Македонија, стекнато на Американскиот универзитет на Европа-ФОН кој е меѓународно признат?
- Четирите години од моите додипломски студии минати на Факултетот за странски јазици при АУЕ-ФОН ми ги будат најубавите сеќавања во мојот живот, ме потсетуваат на Шекспировите зборови од историската драма Henry VIII “It is a kind of good deed to say well; and yet, words are not deeds“ и дека треба да се биде силен во делата, како што сме силни и во мислите.
Можам да ја издвојам одличната соработка со професорите на Факултетот по странски јазици при АУЕ-ФОН (врвни професионалци и експерти секој во својата потесна специјалност на делување). Тие ни даваа дополнителен мотив да вложуваме повеќе и повеќе во нашата идна и интензивна лична добразба и да излеземе од клупа како совршени дела, наставници-практичари кои од факултет влегуваат во училница за да образуваат нови, следни генерации. АУЕ-ФОН е вистинското место за студирање јазици бидејќи се стекнувате не само со врвни вештини во рамки на лингвистиката туку и со меѓународна диплома која понатаму ви отвора безброј врати и прозорци кон успехот како на домашен, така и на меѓународен план.
Јас се стекнав со солидни универзитетски знаења од областа на книжевноста и лингвистиката кои ми дадоа одлична основа да аплицирам и да прикажам солидни знаења и искуства на дело, добивајќи ја престижната стипендија Фулбрајт. Во моментов сум на постдипломски студии на на Универзитетот Мизуриво Колумбија и студирам англиска книжевност на нивниот Отсек за англиски јазик.
Кои се Вашите очекувања од студиите во САД?
- Моите очекувања од САД, – да научам нови работи кои што не ги применуваме во македонското образование, да стекнам нови академски и животни искуства, кои што по враќањетo во Македонија ќе можам да ги применувам.