X
 06.10.2022 Живот

Ани Ерно - добитничка на Нобеловата награда за литература

Французинката Ани Ерно е добитничка на годинашнава Нобелова награда за литература.
Нобеловиот комитет објави дека Ерно (82) ја доби наградата за храброста и клиничката острина со која ги открива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија.

Постојаниот секретар на Шведската академија, Матс Малм, денеска во Стокхолм ја прогласи победничката.

Досега се доделени наградите за медицина, физика и хемија, а Нобеловата награда за мир за 2022 година ќе биде доделена утре, додека добитникот за економија ќе биде објавен на 10 октомври.

Извор: МИА

Издвојуваме

Живот