X
 07.05.2021 Образование

Интервју со д-р Лесли Самози, академски директор на МБА програмата на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ

Паневропската Извршна МБА на СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, е програма со двојна диплома, од Универзитетот „Јорк“ и од Факултетот за економија и менаџмент од Универзитетот „Стразбур“. Освен двојната диплома, што е една уникатна вредност во академскиот свет, паневропската ЕМБА за своите студенти нуди голем спектар поволности и придобивки што гарантирано ги прошируваат професионалните и кариерни перспективи. За можностите што ги нуди и за предностите произлезени од оваа програма, разговараме со д-р Лесли Самози, академски директор на МВА програмата на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ.

Лесли Самози, академски директор на МВА програмата на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ

Што претставува паневропската извршна МБА програма?

Паневропската извршна МБА е унапредување, надградба на нашата веќе постојна МБА програма што успешно ја спроведуваме низ целиот регион веќе 30 години. Aкредитираната ЕМБА програма, сега унапредена во паневропска извршна МБА, отвора можности за студентите да продолжат да работат додека истовремено се стекнуваат со двојна диплома - од два универзитети од светска класа, и тоа од водечкиот Универзитет „Јорк“, член на Расел групата составена од водечки универзитети во Велика Британија и исто така престижниот Универзитет Стразбур. Нема универзитетска програма во нашиот регион што им го дава на студентите она што го нуди паневропската МБА програма.

Какви се специфичните карактеристики на оваа програма?

Програмата е дизајнирана специјално за да интегрира холистички пристап кон бизнисот, притоа земајќи ги предвид регионалните и паневропските потреби на бизнис-стратегиите и ги става во контекст и рамка од глобалните тенденции. Студентите посетуваат настава за време на викенд (петок, сабота, недела), за сите осум предмети што се слушаат со физичко присуство на една од локациите каде што се нуди паневропската ЕМБА програма. Опционално, истите овие осум предмети може да се слушаат онлајн, доколку се избере комбинираниот метод на настава. Дополнително, програмата вклучува три меѓународни студиски патувања во Јорк, Стразбур и Солун, каде што покрај посетување настава, студентите имаат многубројни можности за вмрежување со колеги од целиот свет. Програмата се комплетира во период од 26 месеци, а според она како е конципирана, освен што пренесува вредни знаења и експертиза, исто така, студентите ги поттикнува на развој на таканаречените „меки вештини“, односно развој на кариера во лидерството, вештини за преговори и за управување со ризични проекти.



Што нуди различно од другите МБА програми?

Развивме голем број уникатни компоненти на нашата програма. Најуникатен аспект е можноста студентот да се стекне со двојна диплома, една од врвниот британски Универзитет „Јорк“ и втората од еден од европските универзитети со најдолга традиција и успех, Универзитетот „Стразбур“. Овие два глобално водечки универзитети заеднички ја нудат оваа уникатна програма во нашиот регион. Нашата извршна МБА програма ја издвојува и паневропска тенденција и меѓународна перспектива. Во програмата се вклучени менаџери и извршни директори од над 18 земји. И тоа прво преку осумте локации за настава, од Софија, Солун, Белград, Киев, Букурешт, Ереван, Тбилиси и Баку, и понатаму овој ексклузивен академски и експертски наставен кадар е дополнет преку онлајн-учество на експерти од индустријата од светска класа од цела Европа и Северна Америка. Тоа претставува уште еден уникатен аспект на паневропската МБА програма. Дополнително, специфично за нашата програма е тоа што вклучува обука за кариера и лидерство што им ја нудиме на студентите, а токму ова произлегува од нашето верување дека со портфолиото на МБА програмата треба да поттикнеме стекнување со технички и „меки вештини“. Нашите студенти, исто така, имаат можност да се поврзат со свои колеги, истомисленици од осум наставни локации. Учесниците ќе бидат дел од три студиски патувања, вклучително во Јорк, Велика Британија, во Стразбур, Франција, и во Солун, каде што студентите од сите наши наставни локации ќе се сретнат и ќе може да посетуваат настава заедно, да разменуваат знаења, да создадат вредни релации и да споделуваат напредни идеи. И не помалку важно е тоа што студентите ќе можат да работат по принципот еден-на-еден со едукатор за кариера и лидерство, со цел да ги води и да ги навигира да се изградат во најдоброто од она што сакаат да бидат!

Дали паневропската МБА програма е наменета специфично за некој профил или има широка апликативност и примена?

Паневропската извршна МБА е дизајнирана и приспособена за поединци кои бараат холистичко, збирно разбирање за бизнисот и тековните размислувања за менаџментот. Наменета е за луѓе кои сакаат да го подобрат, зголемат своето знаење, да ги унапредат вештините за управување и да ја развиваат кариерата соодветно потребите на глобалниот пазар. Конципирана е да одговора на профилот на ангажиран професионалец кој има потреба од напредна едукација и искуство од светска класа, за да си ги реализира тековните и идни амбиции.



Која е фактичката придобивка од учеството во оваа програма?

Постојат голем број клучни придобивки за студентите што ќе се приклучат на паневропската извршна МБА програма. Прво и основно тие ќе добијат две МБА дипломи од водечки универзитети од светска класа. Напредното знаење, изнесено пред студентите во училницата, но и надвор од неа, ќе им помогне да ги унапредат своите сегашни и идни цели во кариерата. Ние се гордееме што им даваме можност на студентите да се поврзат не само со студентите во нивната одредена група, туку и пошироко во целиот регион. Студентите ќе имаат можност да се сретнат со водечки професори од светска класа кои се експерти не само од академска перспектива, туку и од практична. Ќе имаат можност да ги развијат своите лидерски вештини и да ги исполнат своите кариерни аспирации. И конечно, студентите ќе станат дел од приближно 4.000 лица од МБА групата на дипломци, што им обезбедува идни можности за вмрежување и деловни активности.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Образование