X
 07.09.2021 Стипендии

Повик за стипендии од владата на Јапонија

Азиско-пацифискиот универзитет „Ритсумејкан“ во Јапонија објавува повик за кандидати кои ќе бидат препорачани за стипендии од владата на Јапонија.

Можноста е за сите кандидати за магистерски или докторски студии на универзитетот. Успешните кандидати ќе добијат владина стипендија која ја покрива школарината и вклучува надомест за живот и патување. Пријавувањето за семестарот што започнува во септември наредната година трае до 17 ноември.

Официјалниот повик пронајдете го овде
Активен до:    17.11.2021
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии