X
 07.12.2021 Живот

Далимир Хајко - добитник на светската награда за хуманизам

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2022 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на св. Климент на сите светски меридијани, е Далимир Хајко, филозоф, есеист и литературен критичар и професор на Универзитетот од Жилина, Словачка.

Професорот Хајко е шеснаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Далимир Хајко истакна: „Би сакал да ви се заблагодарам што ми ја испративте одлуката на меѓународното жири на Охридската академија на хуманизам. Ќе ми биде голема чест и задоволство да ја добијам наградата лично во прекрасниот град Охрид.“
Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари, наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ.

Издвојуваме

Живот