X
 08.09.2024 Живот

За спортскиот новинар Зоран Мишевски, Сандра Ѓоргова Ѓеорѓиевски - патолог во САД, образовни асистенти... Што пишувавме неделава?

Легендарниот спортски новинар Зоран Мишевски слави 30 години кариера: „Ќе продолжам да го живеам сонот што го имав уште од предучилишна возраст“

„Јас не се гледам во друг свет од овој, поврзан со спортот и медиумите. Низ годините работев во сите видови медиуми, од телевизија и радио, до прес и веб и секој има своја магија. Кога имате пристап каков што имам јас, цел живот тоа што ви е хоби ќе ви биде и работа“.

Милена Ангелова од Делчево освои два медала на Олимпијадата по геонауки во Пекинг: „Би имале поголеми успеси ако во училиште ја изучуваме основата“

Четири средношколци од Делчево, Прилеп, Скопје и Крушево освоија медали на Светската олимпијада по геонауки „IESO 2024“, која се одржа во Пекинг, Кина. Меѓу нив и Милена Ангелова од гимназијата „Методи Митевски Брицо“ од Делчево, која освои два бронзени медали. Едниот индивидуален, а другиот во тим. Вториот бронзен медал го освои Ивана Атанасоска од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Родителите на децата со попреченост се гневни што нивните деца останаа дома: Образовни асистенти ќе добијат од вторник, најави МОН

Зоран Мијалков од Штип, самохран татко на два сина со посебни потреби и претседател на Здружението „Сплотени срца“, во кое членуваат над 3.000 семејства, за „Факултети.мк“ вели дека поради пропустите на МОН, нивните деца не можеле да следат настава цела недела обвинувајќи ја министерката дека изнесува неточни информации за состојбата со образовните асистенти.

„Во САД никој не лекува пациенти без конечна дијагноза од патологот“ , вели д-р Сандра Ѓоргова Ѓеорѓиевски, патолог и асистент-професор на Универзитетот „Емори“ во САД

Доктор Сандра Ѓоргова Ѓеорѓиевски пред 11 години дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје, насока општа медицина, со просек 9,89 и беше прогласена за најдобар дипломец на генерацијата. Една деценија подоцна македонската докторка е успешен патолог, супспецијалист по патологија на коски и меки ткива во болницата „Емори“ во Атланта, САД, и асистент-професор на Катедрата за патологија и лабораториска медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Емори“.

Издвојуваме

Живот