Живееме во свет кој се глобализира, а како резултат на тоа се зголемува бројот на компании, организации и сл., кои се распространети низ повеќе држави и континенти. Секојдневно се зголемува потребата од интернет решенија кои функционираат 24 часа во денот, 7 дена во седмицата, овозможуваат работа со повеќе различни јазици, валути, временски зони и стандарди. Ваквите системи треба да овозможуваат нивно користење од секаде, на различни уреди и секако преку различни оперативни системи. Притоа истите треба да помагаат при намалување на трошоците, а истовремено и зголемување на брзината на извршување на сервисите, безбедно меморирање голем број податоци и т. н.
Со појавата на актуелната пандемија, ваквите барања за современи веб решенија, а со тоа и за ИТ експерти од различни профили, многукратно се зголемува.
Основните делови од кои се креираат современите веб апликации или решенија се т.н. предна страна (front-end) и задна страна (back-end). Предната страна служи за реализирање на комуникацијата помеѓу корисниците и апликациите. Со други зборови тоа е сѐ она што го гледаме на екранот. Преку овој дел корисниците добиваат информации од апликациите, а воедно со внесување податоци ги контролираат апликациите.
Логиката на веб апликациите, како и базите на податоци, кои заедно се поставени на еден или повеќе сервери, ја сочинуваат задната страна.
Затоа се кажува дека предната страна го дефинира изгледот, а задната страна ја дефинира „машинеријата“ што работи во позадина.
Предната и задната страна меѓусебно комуницираат преку т. н. веб сервиси.
За успешна комуникација, ИТ експертите коишто се задолжени за работа на предната страна, треба да имаат одредени знаења и од задната страна и обратно. Затоа програмерите кои имаат знаења и искуство во работа на сите сегменти од современите апликации, се нарекуваат full stack програмери. Токму тие, поради нивните познавања на предната и задната страна на системите, се едни од најбараните профили на пазарот на трудот.
Интерворкс Едукативен Центар има дефинирано повеќе различни едукативни програми, за совладување на потребните знаења и вештини како за
задната, така и за
предната страна, но исто така и за други профили на ИТ експерти, како што се,
системски интегратори,
тестери, менаџери и сл. Воедно ја реализираме и најкомплетната „Академија за софтверски науки и развивиање софтвер“, којашто ги обезбедува сите потребни знаења и вештини за започнување кариера во ИТ индустријата. По завршување на
Академијата во Интерворкс Едукативен Центар, 80% од нашите кандидати го обезбедуваат своето прво вработување.
Вообичаено првите чекори во ИТ индустријата, најдобро е да се направат со совладување на современите начини на програмирање и базите на податоци, потоа веб сервисите и мрежните протоколи и секако елементите од кои се состои предната страна, а тоа се HTML, CSS и JavaScript. Токму затоа креиравме комплетен курс
Full Stack програмери базиран на Java.
Со цел да помогнеме за брзо и лесно вработување на младите луѓе од пелагонискиот регион нудиме БЕСПЛАТНА, НО КОМПЛЕТНА ОБУКА* за едни од најбараните профили на пазарот, односно
Full Stack програмерите.
*Обуката е дел од Локалното Партнерство за Вработување (ЛПВ) – „Битола Стартап Центар“ (финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија).
(комерцијална објава)