X
 08.12.2020

На Меѓународната вселенска станица ќе се тестира лек против Ковид-19

Мисијата „ЦРС-21“ на „Спејс Екс“, испратена до Меѓународната вселенска станица викендов во себе носела секакви материјали и истражувања, вклучувајќи и материјали за првиот експеримент за лек против Ковид-19 што треба да се спроведе во вселената. Експериментот не предвидува тестирање на лекот „ремдесивир“ од страна на астронаутите, туку има цел да ја подобри ефикасноста на лекот.

Европската вселенска агенција изјави дека научниците ќе го тестираат лекот на микрогравитација за подобро да разберат како тој реагира со супстанцијата циклодекстрин со цел да се подобри ефикасноста на лекот.



„Ремдесивир“ долго време претставува извор на оптимизам кога станува збор за лекување од Ковид-19. Овој лек беше итно одобрен за користење од страна на властите во САД во октомври. Меѓутоа, нема глобален консензус дека лекот е ефикасен. Во ноември, Светската здравствена организација (СЗО) објави препорака против употребата на лекот поради недостиг на докази дека тој ги зголемува шансите за преживување.


Групите што стојат зад истражувањата на ефикасноста на лекот на Меѓународната вселенска станица се надеваат дека истражувањето може да доведе до зголемување на неговата ефикасност и да го намали ризикот за неговото користење од страна на пациенти со бубрежни проблеми.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме