Нобеловата награда за литература за 2025 година му припадна на унгарскиот автор Ласло Краснахоркаи за неговиот убедлив и визионерски опус кој, среде апокалиптичен ужас, ја потврдува моќта на уметноста, соопштија од Шведската академија.
Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула. Студирал право во Сегед, а потоа унгарски јазик во Будимпешта. Од 1983 година работи како професионален писател.
Краснахоркаи е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици.
Извор:
nobelprize.org
Фото: The Nobel Prize (X)