X
 10.05.2022 Технологија

Меѓународна конференција Open Data Conference

Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ организира меѓународна конференција Open Data Conference во Скопје, која ќе се одржи од 18 до 20 мај 2022 година. Ова издание на конференцијата ќе биде фокусирано на темата „Податоците и културата на отвореност“ и ќе биде составено од панел-сесии, тркалезни маси и обуки. Настанот се организира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Конференцијата има цел да ја обедини заедницата за отворени податоци со цел да споделува и учи, планира и соработува за иднината на отворените податоци, со посебен акцент на актуелната ситуација во Република Северна Македонија и регионот на Западен Балкан.

За време на тридневната конференција, широк спектар на практичари во полето на отворени податоци, претставници на влади и општини, медиуми, корисничка заедница, како и бизнис-претставници и експерти за податоци од Република Северна Македонија, Западен Балкан и светот, ќе ги споделат своите мислења, идеи, искуства и предизвици во врска со спроведувањето активности за отворени податоци.

На конференцијата се очекуваат дискусии и дебатирање за политиката за отворени податоци за отворени градови – во однос на техничките и нетехничките предизвици, достигнувања и планови. Говорниците ќе се осврнат на потребата од забрзување на интероперабилноста, автоматизацијата и квалитетот на податоците, како процеси во заднина кои ќе обезбедат поголема вредност на отворените податоци.

Агендата за настанот може да ја погледнете тука: Агенда- Open Data Conference
Сите заинтересирани може да се регистрираат на следниов линк.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Технологија