Во современиот свет на постојани промени, квалитетот на високото образование повеќе не се оценува само низ призма на дипломите со кои се стекнуваат студентите. Негувањето на аспектот на развој на практичната подготвеност за живот и работа на студентите, станува сѐ понагласено и поважно. Токму затоа, Факултетот за општествени апликативни студии (ФУДШ – School of Advanced Social Studies) од Словенија, со локација во Нова Горица, оди чекор подалеку и ја засилува поддршката за своите студенти и дипломирани кадри. Станува збор за Кариерниот центар, како стратешка алатка за долгорочен развој на сите што го оформуваат или дооформуваат своето високо образование.
Кариерниот центар функционира како независно тело со целосен фокус на студентот – од моментот на упис, па сè до првата можност за вработување и понатамошното професионално усовршување. Центарот не е административна и бирократизирана единица, туку активен партнер во градењето кариерен пат, со разновидна понуда на индивидуални и групни консултации, менторство, контакт со работодавци, но и со развиени конкретни алатки и методи за олеснета навигација низ сѐ подинамичниот пазар на труд.
Според раководителката на Кариерниот центар, Андреја Слејко Ројц, универзитетски дипломиран педагог, не станува збор само за информативна точка или административна единица, туку за место каде што студентите и дипломираните добиваат сеопфатна поддршка во своето студирање и понатамошниот професионален развој.
- Нашиот фокус е насочен кон тоа секој поединец, во текот на своите студии, да се чувствува како важен дел од факултетската заедница и неговите предизвици да не бидат занемарени. Преку различни системи на поддршка, како што се системот на туторство, психосоцијалната советодавна служба, како и посебните форми на помош за меѓународните студенти и студентите со посебни потреби, создаваме средина во која секој се чувствува прифатен и слушнат. Нашата филозофија се темели на верувањето дека студентите не се само бројки, туку поединци со сопствени таленти, потенцијал и животни приказни. Токму затоа сме посветени на индивидуализиран пристап кој ја зајакнува самодовербата, ја охрабрува личната надградба и ги отвора патиштата кон успешна иднина - вели Ројц.
Работата на Кариерниот центар не завршува со дипломирањето. Факултетот од 2014 година систематски ги следи кариерата, развојот и потребите на дипломираните, преку онлајн анкети, аналитички извештаи и повратни информации кои служат за унапредување на наставниот процес и обезбедување соодветни компетенции за новите генерации на студенти.
Според последната анализа на ФУДШ, во која беа опфатени 99 лица со завршени студии на еден од трите студиски циклуси (од 2019 до 2021 година), 80 % од нив успеале да се вработат по дипломирањето, магистрирањето или докторирањето. Ова е особено важен податок во време на сè поголема несигурност на пазарот на трудот, а зборува за релевантноста на знаењата и практичните вештини стекнати на ФУДШ. На овој начин, една од целите што се постигнуваат низ образовниот процес на овој факултет е намалувањето на неизвесностите со кои се соочуваат студентите.
Уште поважно, просечната оцена на стекнатите компетенции изнесува 4,29 (од 5), што покажува дека студентите не само што се подготвени за работата, туку и се свесни за вредноста на тоа што го стекнале. Оваа подготвеност е препознаена и од самите работодавци. Дополнително, преку студентскиот сервис, многу студенти на ФУДШ добиваат можност да работат уште за време на студиите.
Кариерниот центар нуди индивидуални советувања за избор на студиска насока, препознавање на професионалните потенцијали, мапирање на можностите за практика или работа, поддршка при изработка на CV и мотивациско писмо, како и вмрежување со алумни и релевантни организации. Пријавувањето е едноставно преку веб-формулар, а термините се приспособуваат на потребите на секој студент, вклучително и онлајн формат преку Zoom.
ФУДШ ја гради својата академска заедница со визија за долгорочна поврзаност со сите свои дипломци, преку формални и неформални активности на Алумни клубот – како што се конференции, стручни предавања, свечени настани и професионални мрежи. Од последната анкета, дури 86 % од дипломираните изразиле желба да останат поврзани со факултетот и по дипломирањето, од кои 33 % се подготвени да бидат активни членови на Алумни клубот.
Факултетот се грижи за континуирано следење на компатибилноста меѓу стекнатите компетенции и барањата на пазарот, преку редовни анализи на резултатите од учењето, што дополнително ја зголемува вредноста на дипломата издадена од ФУДШ.
Оваа структурирана поддршка што ФУДШ ја нуди преку Кариерниот центар, заедно со реалните резултати на дипломираните студенти, претставува повеќе од добра академска практика – таа е дел од филозофијата на факултетот, која го препознава знаењето како двигател на општествениот напредок. Водејќи се од оваа логика, ФУДШ не го гледа образованието само како пат кон личен успех, туку и како мост преку кој младите луѓе можат да се поврзат со заедницата од која потекнуваат, без разлика дали таа е во Словенија, Северна Македонија или на друго место.
Стекнатото знаење, практичните вештини и интернационалните искуства на студентите од Северна Македонија не треба да се гледаат само како билет за трајно заминување, туку како вреден ресурс за градење посилно општество дома. Програмите на ФУДШ им овозможуваат на младите луѓе да изградат самодоверба и професионални капацитети кои можат да се стават во функција на локалниот развој. Сè повеќе дипломирани студенти од државите од регионот се враќаат со визија да придонесат во институциите, граѓанскиот сектор или економијата –потврдата е и големото учество во алумни мрежата на факултетот, која станува важен фактор на прекугранична соработка.
За сите заинтересирани студенти од Северна Македонија кои сакаат да дознаат повеќе за студиите, можностите и визијата на Факултетот за општествени апликативни студии, повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница:
www.fuds.si
(Комерцијална објава)