X
 11.01.2022 Стипендии

Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) за млади истражувачи од Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачи институции во Велика Британија за 2022 година, соопштија од Министерството за образование и наука.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.

Услови за конкурирање:

· Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;

· Одлично познавање на англиски јазик;

· Да не се постари од 30 години;

· Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:

1. Молба, вклучително адреса на живеење, е-пошта и контакт-телефон;

2. Биографија (CV);

3. Предлог-програма за истражување, на една страница, формат А4;

4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;

5. Копија од диплома за завршено образование;

6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови;

7. Потврда за познавање на англискиот јазик (ТОЕФЛ, ИЕЛТС или слично) и

8. Пополнета апликација (од www.britishscholarshiptrust.org ) и две фотографии.

Пополнетата апликација и другите потребни документи треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса:

ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје,

Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката

Крајниот рок за поднесување на документите е 1 март 2022 година.

Подетални информации може да се обезбедат преку www.britishscholarshiptrust.org или на e-адреса: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk.
Активен до:    01.03.2022

Издвојуваме

Стипендии