X
 11.07.2021 Наша тема

Марија Наумоска дипломира со 9,95 во рекордно време, средниот успех на матурантите е четворка, по скалилата на успехот со Дамир Имери...

Што истражувавме изминатава недела...

Семејството Кираџиеви се врвни атлетичари. Не се гледаме како конкуренција, туку како поддршка: Весна и Александар Кираџиеви се брат и сестра, а Биљана е сопруга на Александар. И често се дел од првите три или пет места на врвот. Ова темпо го држат со години и неуморно се стремат кон целта.

Средниот успех на матурантите е 3,61. Оценувачите забележале преписи на цели текстови од интернет: Цели текстови или делови од текст се преземани и копирани од интернет. Сепак, чекаме официјални извештаи од оценувачите во врска со ова. Оценувачите нотирале преписи кои ги проверуваат на интернет, па утврдиле дека се работи за препис, вели Елизабета Наумовска.

„По скалилата на успехот“ со Дамир Имери: Музиката ме избра мене: Вели дека музиката го избрала него, а не тој неа. Тоа се случило кога во неговото училиште се барале доброволци за музичката секција и откако никој не се пријавил, наставничката го одбрала него, а тој прифатил. Станува збор за нашата жива музичка легенда Дамир Имери, кој има вмешано прсти во стотици значајни музички изданија што излегле во изминативе 30 години кај нас.

Што им порачаа омилените професори на своите студенти: Да останат истрајни на вредностите, да продолжат со амбициите, да бидат новата енергија на државата, се само дел од пораките на професорите до нивните студенти.

Марија Наумоска дипломира со 9,95 во рекордно време на Техничкиот факултет во Битола. Никогаш не учев за оценка, вели таа: Можеби техниката сè уште се доживува како машка професија во земјава, меѓутоа, жените полека, но сигурно го демантираат тоа. Доказ за тоа е и признанието „Инженерски прстен“, кое претседателот на државава, Стево Пендаровски, го додели на најдобриот дипломец на Техничкиот факултет во Битола - крушевчанката Марија Наумоска.

Ана Опачиќ, директорка на „Бич филм фестивал“: Атмосферата на овој фестивал не може да се доживее онлајн – шумот на брановите, песокот под нозете... Со текот на годините сè повеќе се насочуваме кон филмови од медитеранските земји, така што и годинава ќе имаме филмови од Шпанија, Франција, Грција, Италија... Станува збор за филмови што своите премиери ги имаа на филмските фестивали во Берлин, Кан, на „Санденс“. Овогодишната филмска програма брои 40 филма, вели Ана Опачиќ, директорка на „Бич филм фестивал“ во интервјуто по повод новото издание на „Бич филм фестивал“.

За играта „Тie Dye“ небото не е граница, полека се приближува до 200 милиони преземања: „Тie Dye“ е креативна симулација на дизајнирање облека, која е едноставна по својата природа и лесно достапна и сфатлива за широката публика, особено за луѓе што не се перципираат себеси како гејмери. Неодамна надмина над 100 милиони преземања и бројката не застанува тука. Продолжува да поместува граници и да руши рекорди.




Издвојуваме

Наша тема