X
 11.09.2021 Здравје

Сѐ што треба да знаете за стресот

Стресот претставува нормална човечка реакција која му се случува секому. Всушност човечкиот организам е дизајниран да доживее стрес и да реагира на него.

Стресот претставува реакција (склоп на емоционални,телесни и бихејвиорални реакции) на телото на секоја промена што бара приспособување или одговор.Тој може да биде поттикнат од физички,ментален или емоционален настан: болест (зголемување на процентот на лица со стрес поврзано со пандемијата Covid 19), вработување, брак, развод, селидба итн. Значи стресорот или изворот на стрес е настан или низа на настани кои според сопствената проценка ги загрозуваат напиот живот ,животите на нашите најблиски, материјалните богатства,самопочитувањето и сл. Тоа е настан за кој единката смета дека може да го наруши ( или измени ) вообичаениот ,секојдневен тек на нејзиниот живот. Значи стресорот е надворешен настан, а стресот е внатрешна состојба или доживување.

Стресот е нормална реакција на човекчкиот организам и тој може да биде

Добар стрес – не прави повнимателни,мотивирани и подготвени и подготвени да реагираме.
-акутен стрес - е краткотраен стрес е типичен за секојдневниот живот и може да биде позитивен или да не вознемири.
-хроничен стрес – е стрес кој трае подолго време и може да предизвика низа на болести како што се психосоматските болести, нарушување на социјалните односи и професионалната ефикасност.

Симптомите или знаците на стрес може да се манифестираат со:

1. Телесни симптоми – промени во телесната тежина,главоболка,тешкотии со варењето,психосоматски заболувања ( чир на желудник,зголемен крвен притисок,проблеми со срцето,астма,кожни болести,алергии и сл.)

2. Промени во однесувањето- претерана зависност од другите или повлекување,изолација од социјалните контакти,зголемено пиење на кафе, алкохол,внесување на големи количини на храна ,пушење,проблеми со спиењето,недостаток на апетит,губење на предмети , кавкаџиство и сл.

3. Емоционални потешкотии – напнатост,немир,раздразливост,бес,чувство на вина ,тага, рамнодушност,претерана осетливост,чести промени во расположението и сл.

4. Когнитивни потешкотии – проблеми со помнењето и со концентрацијата,нејаснотии и конфузност во мислењето, нерешителност ,брзо менување на ставовите за луѓето, за животот, за иднината ,катастрофални очекувања.

Од 75 % до 90 % од сите посети на лекар се поврзани со заболувања и со тегоби предизвикани од стресот (Психосоматски заболувања).

Последиците од неуспешното надминување на стресот, како што се чувство на беспомошност,намалена самопочит,повлекување во минатото, можат дополнително да ја намалат способноста за адаптација и да доведат до појава на болест.

Како резултат на хроничен нелекуван стрес можноста за емоционално нарушување е поголема од 50%.Појава на депресивна епизода каде како лек од избор може да се користи меѓудругите и лекот duloxetine.

Референци:
Mедицинска психологија-Г.Чадловски,А.Филиповска,Д.Белевска Просветно дело 2004
National Institute of Mental Health.5 things you should know about stress.Accessed 2/4/2021
American Psychological Association.Stress relief is within reach.Accessed 2/4/2021
Office on Women’s health.Stress an your health.Accessed 2/4/2021
US Department of health and human services.Manage Stress Accessed 2/4/2021
American Academy of family physicans.Stress:How to cope better with life’s challenges.Accessed 2/4/2021
Mnetal health foundation.Stress.Accessed 2/4/2021
National center for complementary and integrative health.Stress.Accessed 2/4/2021

Пишува: Д-р Даница Петровска
Подготвил: Д-р Даница Петровска

Издвојуваме

Здравје