X
 12.01.2022 Стипендии

Конкурс за доделување 4 стипендии од Владата на Народна Република Кина

Владата на Народна Република Кина за учебната 2022/2023 година доделува 4 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии), соопшти Министерството за образование и наука.

Кандидатите треба да се пријават онлајн и да ги прикачат следните документи:

- Пријавен лист (пријавувањето е онлајн на www.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, агенциски број 8071 пополнетиот формулар се доставува и во Министерството).

- Фотокопија од патната исправа: Кандидатите треба да достават скенирана копија од патната исправа со важност подоцна од 1 март 2023 година,

- Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни - додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

- Фотокопија од дипломата за завршено високо образование (за магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверена на нотар,

- Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

- План за студиите (до 200 зборови за редовни студии,до 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски и докторски студии),

- Две препораки од универзитетски професори (магистерски и докторски студии и специјализации),

- Лекарско уверение (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот и со важност од 6 месеци.

- Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

- Уверение за неосудуваност да не биде постаро од шест месеци.

При аплицирањето кандидати можат да ги прикачат и следните документи:

- Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),

- Потврда за познавање кинески јазик (HSK сертификат) или англиски јазик (IELTS или TOFEL сертификат),

Краен рок за пријавување е 10.2.2022 година.

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи) во архивата на Министерството за образование и наука до 10.02.2022 година.

Подетални информации може да се обезбедат и на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2022 година.

Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.
Активен до:    10.02.2022
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии