X
 12.06.2020 Економија

Колку туристи ја посетија Македонија за време на Ковид-19?

Дури за 99,1 отсто е намален бројот на туристи што ја посетиле Македонија во април за разлика од истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи во април 2020 година во споредба со април 2019 година е намален за 97,7 отсто, а бројот на странските туристи е намален дури за 99,7 отсто.


- Бројот на туристите во април 2020 година во споредба со април 2019 година е намален за 99,1%, а бројот на ноќевањата е намален за 97,2 % - соопшти Заводот.

Бројот на туристите во април годинава изнесува 741, а бројот на ноќевања е 4.690.

Од нив 112 го посетиле Скопје, 97 биле на бања, 335 на езерата во Македонија, а 197 на другите места. Домашните туристи најмногу ги имало на езерата, вкупно 305, а странците, вкупно 66 туристи, најмногу оделе во бањите.


Од странство се евидентирани 171 турист, најмногу од Унгарија (60), Австрија (23) и Полска (21).

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2020 година во споредба со април 2019 година е намален за 96,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97,8%.

- Во периодот јануари-април 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 47,9%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43%, а кај странските има намалување за 50,3%. Во периодот јануари-април 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46,9%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 41,6%, а кај странските има намалување за 50,4% - се вели во соопштението.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Економија