X
 12.09.2019 Култура

Твитерџиите полудеа. Симона од Скопје глуми во новиот филм на „Марвел“

Скопјанката Симона Живковска глуми во блокбастерот „Црната вдовица“ на студиото „Марвел“ со Скарлет Јохансон во насловната улога, чија премиера е закажана за 1 мај 2020 година. Веста на својата интеренет-страница ја сподели Identity School of Acting, школа за драма во Обединетото Кралство и во Соединетите Американски Држави.
Твитер-заедницата денеска полуде од коментари и честитки. Симона, родена во Скопје, која повеќе години живее во Лондон, на мајчин јазик им се заблагодари на твитерџиите за поддршката. Таа во моментот е на сет на новиот блокбастер на „Марвел“.



Симона Живковска е родена во Скопје во 1994 година. Има двојно потекло – од Македонија и западноиндиско (Св. Мартин). Во 2001 година се преселила во Велика Британија. Првото телевизиско искуство ѝ било на 17 години во драмата „Моето убиство“ на Би-би-си. Повеќе за нејзината кариера прочитајте ТУКА.

Подготвил: Билjана Арсовска

Издвојуваме

Култура