X
 12.09.2021 Наша тема

За трката „Трчај бе“, филмот „Сестри“, Дамјан - првак во хемија... Што пишувавме неделава


Андреј, момче со парализа, сонуваше да биде доктор, а не можеше да се школува: Животната приказна на Андреј Стојанов од Кочани, кој има церебрална парализа и 27 години се соочува со предрасудите на ова општество, е само доказ дека некои работи во државата не се менуваат со генерации, иако постојано се декларираат заложби за еднакво општество за сите.

Вината, сепак, живее и на нашата адреса! Секој по сантиметри вина и ете ги километрите безизлез. Вината си живее со сите нас и само едно нешто може да нè спаси: одговорната свесност дека од сите нас зависи.

Режисерката Дина Дума за нејзиниот наградуван филм-првенче „Сестри“: Снимањето на „Сестри“ беше полно со предизвици: дебитант режисер, дебитант продуцент, дебитант кинематографер... натуршници со никакво глумечко искуство, скокање од карпа, снимање под вода, вели Дума.

Студентски живот по протокол. Станарите не смеат да се гушкаат и да се дружат по соби: Годинава во соба ќе бидат сместени по двајца студенти, во собите нема да може да влегуваат лица однадвор, вклучително и родителите на студентите, а кога ќе имаат оброк во мензата, нема да смеат да седат повеќе од двајца на маса, информира директорот на Државниот студентски центар, Виктор Велевски.

Дамјан Каранфиловски - двократен првак на државни натпревари: „Во хемијата се крие формулата за опстанокот“: Хемијата може да му помогне на човештвото преку наоѓање еколошки алтернативи на веќе постојни хемиски процеси во сите индустрии, но оние што ѝ се посветуваат на оваа наука мора во образованието да имаат можности и да експериментираат, вели талентираниот млад хемичар од Битола.


Да трчаш е ин, дејствува како допамин, порака од „Трчај бе“ до младите: Каде се видело на друго место да трчаат цели семејства, родители со деца, баби и дедовци со внуци? Учесници од 5 до 70 години по трет пат ќе обедини трката со симболично битолско име „Трчај бе“. Утре таа ќе ги слави спортот и физичката активност кај сите возрасти зашто еден од слоганите е „Не се вади на годините“.

Издвојуваме

Наша тема