X
 12.10.2021 Стипендии

Стипендии за магистерски студии од Универзитетот „Радбуд“, Холандија

Програмата за стипендирање на Универзитетот „Радбуд“ во Холандија наградува талентирани студенти од земји кои не се членки на ЕУ и ЕЕА за магистерски студии.

Се доделуваат 37 стипендии за магистерски програми на англиски јазик од различни области. Стипендистите добиваат грант за намалување на школарината, како и надомест за трошоците за виза, дозвола за живот, здравствено осигурување и осигурување од одговорност за време на престојот.

Пријавувањето трае до 28 февруари 2022. Повеќе информации може да најдете на официјалниот повик овде.
Активен до:    28.02.2022
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии