„Би сакал да се развијат науката и хемиското инженерство во Македонија“, вели Кирил Христовски, добитник на „Инженерски прстен“
План му е да ги заврши магистерските студии и во меѓувреме да учествува во повеќе научни проекти за да стекне искуство во научната работа. Во иднина сака да работи научна или инженерска работа што ќе му овозможи да истражува или да дизајнира
„Сакам да бидам доволно гласна за да направам промена во образованието, да има помалку политика, повеќе квалитет“, вели ликовниот педагог Ангела Каранфилова
Како дете и тинејџерка беше ученичка на големиот ликовен педагог Коста Хаџи Антоновски, со години членувајќи во „Малиот битолски Монмартр“, а денес тргна по неговите чекори основајќи свое детско студио. Ангела Каранфилова, млада ликовна уметница од Битола, со огромен талент и дури 43 освоени награди, од кои најголемиот дел меѓународни, одлучи да им помогне на децата да се социјализираат надвор од компјутерските и телефонските екрани.
„Инженерот не е само изведувач на решенија, туку и архитект на можностите што допрва доаѓаат“, вели Димитар Пешевски - добитник на „Инженерски прстен“
„Инженерскиот прстен е и обврска – потсетник дека секој инженер има задача не само да создава, туку да гради со интегритет, одговорност и свест за заедницата. Со себе носи и повик дека со знаење и посветеност можеме да го обликуваме светот и да ги поместиме границите на можното“, вели Димитар Пешевски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
„Градот се соочува со профитерски урбанизам, па ние, новите генерации професионалци, треба да реагираме“, вели Фросина Станковска - добитничка на „Инженерски прстен“
Фросина Станковска е една од студентите што ја добија наградата „Инженерски прстен“. Крајната цел, односно амбиција ѝ е користење на архитектурата како алатка за создавање структура која во најголема мера ќе ги обедини просторните, социјалните и економските аспекти на еден град