X
 14.06.2026 Живот

За најдобриот студент на Факултетот за шумарски науки „Ханс Ем“, поскапувањето на градинките, однесувањето на учениците... Што пишувавме неделава

Градинките поскапија, но процените се дека престојот на едно дете во државна градинка чини 18.000 денари, а родителите плаќаат само 15 отсто

Родителите на децата што се згрижени во државните градинки во Скопје и низ земјава веќе ги платија сметките со зголемени цени за месечниот престој на нивните деца. Меѓу последните општини што одлучија да ги зголемат цените за престојот во градинките беше Општина Центар, каде што Советот донесе одлука на крајот од април цената за месечен престој да се зголеми за 47,6 проценти или за 710 денари.

„Телефонот им е света икона“, професорот Александар Адамовски предупредува на падот на културното однесување кај учениците

Детето е огледало на домот, а на училиште - огледало на наставникот. Но, за жал, во последно време станува огледало на социјалните мрежи. „Еј, море ти“, често вакви зборови можат да се слушнат од учениците упатени кон наставниците, дури и во повисоките одделенија во основните училишта. Покрај ваквите недолични начини на обраќање, се случуваат и неконтролирани извици додека професорот предава и е свртен со грб, а понекогаш се упатуваат и навредливи зборови.

Мила Ѓорѓевска, најдобар студент на Факултетот за шумарски науки „Ханс Ем“ со просек 9,98: „Заштитата на природата и животната средина веќе не е избор, туку неопходност“

„Вистинскиот успех се заслужува кога работиме со посветеност, кога не се откажуваме од своите цели и кога она што го правиме го правиме со љубов“, вели Мила Ѓорѓевска, која беше прогласена за еден од најдобрите дипломирани студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Мила Ѓорѓевска е најдобар студент на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

Издвојуваме

Живот