X
 14.07.2020 Здравје

Министерството за здравство е изненадено од протестот на матичните лекари

Министерството за здравство е изненадено од денешниот протест на матичните лекари и причините кои се наведуваат за истиот, игнорантски однос на власта и непостоење поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денес.


Во соопштение од МЗ наведуваат дека матичните лекари добиле медицинска заштитна опрема. Во врска со барањето на матичните лекари, да упатуваат пациенти на тестирање за Ковид-10 сами, а не да се водат по алгоритам, министерството вели дека подготвениот алгоритам за индикација за тест за Ковид-19 е изработен со цел да ја олесни работата на матичните лекари и да обезбеди унифициран пристап.

- Истиот апсолутно не ја комромитира експертизата на матичните лекари, кои од самиот почеток се целосно вклучени во системот на дијагностика, следење и третман на пациентите со Ковид-19. Во однос на обезбедување помош од млади колеги, согласно измената на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор на медицина кој се стекнал со лиценца веднаш почнува со шест месечна пракса која за прв пат му е платена со 30,000 денари месечно. За илустрација, пред само неколку дена Министерството за здравство извести дека во месец јули 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа од Лекарската комора. Министерството за здравство стапи во контакт со сите 66 ново лиценцирани доктори на медицина, а повеќе од половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти – се вели во соопштението од МЗ.

Во однос на барањето на матичните лекари да имаат претставник во комисија за заразни болести појаснуваат дека согласно член 59 од Законот за заштита на население од заразни болести „Министерот формира комисија за заразни болести како советодавно тело. Членовите на Комисијата од став 1 на овој член се избираат за време од четири години од редот на истакнати стручњаци од епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности“, а сите членови во Комисијата за заразни болести во актуелниот состав се претставници од јавно здравстени установи.

Денеска, повеќе матични лекари во земјава, имаа протест пред своите ординации каде порачаа дека државата ги игнорира и не добиваат никаква помош во заштитна опрема. 




Издвојуваме

Здравје