X
 14.12.2021 Образование

Виртуелен Саем за студии во Франција

Францускиот институт во Скопје известува дека утре, 15 декември 2021 година, од 10 до 18 часот ќе се одржи виртуелен Саем за студии во Франција.

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција или, пак, да остварат универзитетска соработка.

Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

За да се следи саемот, потребна е претходна регистрација на следниот линк: https://mk.studyinfrancevirtualfairbalkans.com/mk/
На истата платформа ќе се одржува и настанот.

Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование „Кампус Франс“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование