X
 03.01.2015 Образование

МОН ги прифати предлозите на ректорот на Охридскиот универзитет и деканот на ФИНКИ

Деновиве до министерството за образование стигна предлог од Охридскиот универзитет. За студентите да имаат поголема флексибилнот во студирањето, ректорот Нинослав Марина предлага - оние кои од првпат нема да го положат државниот испит, којшто ќе се полага по втората година, да имаат право да ги слушаат предметите од трета.



„Сите овие механизми се со цел да се добие еден покомпетитивен систем на високо образование, а подготвуваме уште неколку предлози и се надевам дека и тие ќе бидат прифатени“, изјави Нинослав Марина, ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Апостол Павле“- Охрид.

На овој предлог се надоврза и деканот на ФИНКИ кој побара да се остави простор 30 до 40% од програмата универзитетите да ја креираат сами. Владата го прифати и овој предлог.

Министерството за образование го разгледало предлогот и оценило дека е конструктивен. Според , заменик-министерот Спиро Ристовски на овој начин ќе се намали притисокот кај студентите кој од првпат нема да го положат државниот испит. Тој очекува уште предлози со кои ќе обезбедат подобрување на високото образование.

„Впечатлив предлог кој ќе обезбеди извесна флексибилност кај студентите, да се намали притисокот кај истите, доколку не го положат од прв пат државниот испит, да можат во периодот што следува да го дополагаат, а истовремено да ги слушаат предметите од третата сутдиска година, што според нас како Министерство и првичните анализи што денеска ги правевме можам да кажам дека истиот е прифатлив“, изјави заменик- министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Министерството ги прифати и предлозите на Штуловиот универзитет и на ФИНКИ меѓи кои беше сугестијата да се работи според најдобрите студиски програми на највисоко рангираните универзитети од САД и Европа.

Свој предлог за подобрување на квалитетот на образованието утре се очекува да достави и студентскиот парламент при УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование