X
 20.01.2015 Образование

Белград: Студентите ќе одат во затвор поради блокадата на Филозофскиот факултет?

На барање на јавниот обвинител, полицијата ќе ги испитува блокадите на Филозофски факултет, кои завршија минатата недела.

 

белград


Деканот на Филозофскиот факултет, Проф.Д-р Милош Арсенијевиќ, побара од јавното обвинителство да постапи по службена должност и да поведе истрага.

Поради протестите, студентите можат да завршат во затвор. Деканот ги обвинил дека ги нападнале професорите и колегите, дека навредувале и се заканувале, и дека ја ограничувале слободата на движењето на другите, и уништувале, а полицијата ќе утврди што од тоа е вистина и ќе ги пренеси своите наоди до канцеларијата на јавниот обвинител, кој ќе одлучи какви понатамошни чекори треба да преземи.

„Јавното обвинителство треба да поднесе барање и тука завршува нашата работа. Останатото треба тие да го направат, вели деканот Арсенијевиќ. „Можеби студентите и професорите ќе бидат повикани на сослушување, можеби ќе ни бараат доказен материјал или снимки. Тоа нема врска со факултетот. ВО секој случај, подготвени сме да соработуваме“, додава тој.

За барањето на деканот дознаа и студентите кои мислеа дека со прекинувањето на блокадата на 9 јануари, овој процес ќе биде оставен настрана.

„Знаеме дека деканот се консултираше со адвокатите и тие му рекоја да не ја прекршува автономијата на факултетот доколку полицијата спроведе истрага. Искрено не знаеме што е полошо, кривична или дисциплинска пријава. Поради други можеме да бидеме избркани од факултет“, велат студентите од самоорганизираното студентско движење.

Тие се надеваат дека нема да добијат кривични пријави, и дека факултетот сепак ќе ги повлече старите и ќе ги спречи другите дисциплински постапки. Ако тоа не се случи, тие ќе се договорат за понатамошно дејствување.

Осум пријави


Филозофскиот факултет против учесниците на блокадата веќе поднесе осум кривични пријави поради напад, заканување и нарушувањето на редот и мирот. Иако членовите од самоорганизираните студентски протести бараа да се повлечат пријавите, тоа не било направено.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование