X
 22.01.2015 Колумни

Државата и насилната конфронтација во борбата за моќ и покорување

Една од најстрашните работи што може да се случи при прекумерно користење на моќта е висок степен на насилство. Така што зголемените стравови произлезени од заострената борба за опстанок создаваат и повеќе насилство.Сите војни низ историјата, без разлика каде и кога се водени и  независно од формите кои ги применувале, без исклучок, првенствено  се потпирале на најзначајниот елемент ‐ силата. Ако во првобитната заедница човекот ја користел сопствената физичка сила во борбата за освојување на територии – денес со примена на најсовремени технологии и со посредство на воената сила освојувањето на нови територи е мошне поолеснително. Но, прашањето на кое што сакам да ставам поголем акцент е моќта при насилната конфронтација.

 

Историјата на цивилизацијата која во голема мера е и историја  на војните неизбежно ја потврдува закономерноста според која силата во развојот на цивилизациите и општествата имала голема улога манифестирана преку нејзините разурнувања и  уништувања. Во  општествените  науки, посебно во политичката и воената,  силата во најширока смисла на зборот означува моќ, т.е. способност за  произведување или спречување на определени промени во природата  и општеството, односно во светот.   Во  потесна  смисла,  силата  значи  посебен  вид  на  моќ  која  е  насочена  или  дејствува  на  определен  објект,  односно  употреба  или  можност за употреба на средствата за физичка принуда. Од  друга  страна, присилувањето всушност претставува убедување кое е сила со  презентирање  на  идеи  толку  атрактивни  што  ќе  го  натераат  непријателот  да  влезе  во  стапица. Многу јасно моќта  влијае  и  го  тера  непријателот  на  нејзино  пожелно однесување. Уште појасно е дека влијанието е процесот  на моќта која ги  условува  начините  на  однесување  на  непријателот,  додека  може  да  предизвика  и  спротивно  однесување  на  непријателот ,  наспроти  разбирливото однесување на нападната држава во која се расправа за  некоја значајна работа. Сепак секоја држава одлучува сама за себе дали ќе употреби контра – напад за да се одбрани, односно секоја држава одлучува колкава моќ ќе употреби за да возврати на ударот кој што и бил задаен. Но тука повторно клучно е размислувањето дали нападнатата држава е доволно моќна да возврати со иста сила, без притоа да наштети на народот – во смисла на тоа да нема жртви кои што не се одговорни за настанатата ситуација. Од тука многу јасно е дека, државата која што е помоќна гледано од апскет на воената сила како и економски, постои поголемаможност да завладее со нападнатата држава. Но она што може да произлезе како конфронтација помеѓу двете држави е тоа што може да се посегне по брзо склучување на сојуз, каде што нападнатата држава со вклучување на сојуз автоматски ( доколку другата држава е помоќна ) станува моќна и во состојба на контра напад.

    Во прилог на претходното изјаснување, Кенет Н. Валц вели: “ Државата меѓу државите, како што често се вели, ги извршува своите работи во замислена сенка на насилство. Бидејќи некои држави можат во кое било време да применат сила, сите држави треба да бидат подготвени исто така – или да живее на милоста на нејзините подобро наоружани соседи. Меѓу државите, земјата на природата е земја на војна”.   Во фазата на одпочнување со воено зајакнување, секоја една држава го одпочнува истото од страв да не биде нападната. Можеби зголемувањето со воена моќ на една држава не е знак за подготовка за војна, но соседната држава поради стравот од напад на соседната држава одпочнува со истата постапка. Се до оној момент кога и би дошло до судир, во тој случај многу јасно е дека ќе се посегне кон примена на сила. Кога веќе  ја  анализираме  суштината  на  моќта ,  можеме  да  констатираме дека во најопшта смисла моќта претставува способност  да правиме, произведуваме, уништуваме. Моќта на некоја личност или  на некоја општествена заедница не е потполно точно мерлива заради  разновидноста  на  целите  кои  си  ги  поставува  и  средствата  кои  ги  употребува. На политичката сцена, моќта претставува способност на  некоја  политичка  единица  да  ја  наметне  својата  волја  над  другите  политички единици.Во овој контекст значајно е да се потенцира разликата помеѓу  моќта  и  насилството.  Моќта  е  сосема  спротивен  феномен  од  насилството. Говорејќи со политички јазикне е доволно да се каже дека моќта и насилството не се едно исто . Моќта и насилството се  спротивност; таму каде што едниот владее апсолутистички, другиот  воопшто  не  е  присутен.  Насилството  се  појавува  таму  каде  што  е  загрозена  моќта  и  оставена  сама  на  себе  и  доведува  до  тотално  исчезнување на моќта.  Следствено на погоренаведеното Ханс Моргентау вели: “Кога зборуваме за моќ, мислиме на човековата контрола на умовите и постапките на луѓето. По политчка моќ мислиме на заедничките односи на контрола меѓу држателите на јавниот авторитет меѓу вториве и луѓето во целина. ”

Така  моќта  не  е  само  обем  на  физичка  сила  достапна  на  моќникот, туку перцепција на целната група дека моќникот може да  наградува или казнува. Во крајна инстанца, сепак моќта се потпира на  силата. Ако една од целните групи повеќе не го перцепира моќникот  како способен да употребува сила, таа целна група најверојатно ќе  постане сè помалку и помалку подложна на влијанието од страна на  тој моќник. Ако тоа се случи, моќникот може да се обиде да употреби  награди или економски санкции за да ја врати герилската целна  група повторно под контрола со неговите политички цели ‐ но тука  одлуката да попушти, според мене, останува на целната група. Целната група може  едноставно  да  ги  одбие  сите  методи  на  влијание  од  страна  на  моќникот.  Во  оваа  варијанта,  моќникот  мора  да  одлучи  дали  ќе  ја  испушти  оваа  целна  група  ‐ со  можен резултат дека другата , послабата целна група контролирана од   нема  да  ја  перцепира претходната како доволна моќна да гарантира непрекината разлика ‐ или моќникот може да се сврти кон казнени  мерки  употребувајќи сила.Елементот на сила, ако е успешно применет , ќе ги отстрани  било  кои  алтернативи  за  кои  размислувала  целната  група  и  ќе  резултира  во  попуштање  од  таа  целна  група  и  повторно  „потчинување”  на  волјата  на  противникот  (моќникот).  На  кратко,  силата станува моќ кога влијае врз перцепцијата и волјата на целната  група. Аналогно на оваа констатација можеме да потенцираме дека  крајната полезност на силата лежи во нејзината фундаментална улога  во примената на моќта. Во овој контекст и целта на војната е да се  наметне сопствената волја над волјата на противникот, тоа е суштината  на победата во војната. Гледано низ призмата на реализмот  можеме да констатираме дека тој најмногу се фокусира на државната безбедност и на моќта. Раните реалисти како што е на пример Ханс Моргентау ја водел дебатата дека државите се интересираат само за себе, и дека се рационални актери кои се стремат само за моќ и бараат да ја максимизираат својата безбедност и шансите за преживување. Секоја соработка помеѓу државите е објаснета како функционална, со цел да се максимизира безбедноста на секоја поединечна држава.  Следствено на ова, Моргентау вели: “Државникот мора да размислува во онос на националниот интерес, осмислена како сила меѓу другите сили. Популарниот поглед, несвесен за малите разлики во размислувањето на државникот, резонира почесто во поглед на едноставните моралистички и легалистички односи на апсолутното добро и апсолутното зло. "  Додека неолиберализмот се надоврзува на либерализмот, прифајќајќи ја неореалистичката претпоставка дека државите се клучни актери во меѓународните односи. Според Џон Мершеимер „Големата моќ ја максимизира нивната релативна моќ."  Со ова тој е блиску до Моргентау, кој што прокламира дека борбата за моќ меѓу државите никогаш не завршува , затоа што произлегува од animus-dominandi т.е. природната потреба за доминација еден над друг, но со разлика дека Џ. Мершеимер тврди дека потрагата по сигурност произлегува од анархичната структура на интернационалниот систем. Џ. Маешеимер вели дека „ од преспектива на која било голема сила, сите други големи сило се потенционални непријатели.”

Во борбат за моќ многу јасно едека  секогаш постои насилна конфронтација која произлегува од тежнението за владеењето со одредена територија или народ, односно конфронтации помеѓу државите. Причините можат да бидат најразлични, како од економски, воени па дури и лични интереси на лидерите во потрагата по авторитет. Дури и денес покрај бројните демократски прокламирања за мир и стабилност конфронтациите помеѓу државите се видливи, можеби сеуште насилните конфронтации не го достигнале врвот за да произлезе нова војна. Но сепак бројните потресувања помежу државите како од економски така и од политички аспект водат кон внесување на страв кај светската популација. Бидејќи сметам дека не се сости во тоа која држава ќе се изјасни за посилна на меѓународната сцена – туку таквата држава која е склона кон борба за моќ потребно е да внимава да не го наруши пред се суверенитетот на народот. Доколку тоа се случи, сметам дека залудно секоја една држава се стреми кон борба за моќ – кога во истата таа борба за моќ може да биде задушена од страна на својот народ како израз на насилна конфронтација од незадоволствата кои му се нанесуваат на народот. Или со други зборови што би рекол Џин Шарп: „ Бесните жртви, и покрај слабите шанси за успех, понекогаш се организирале за борба против бруталните диктатори со помош на оние насилни и воени капацитети што можеле да ги соберат. Често тие луѓе се бореле храбро и со висока цена во страдања и животи “. Со еден збор, силата сеуште е еден од најискористваните механизми за разрешување на насилните конфорнтации при борбата за моќ и доминација помеѓу државите и народите.


Референци
1 Neorealism and it’s critics/ Robert O. Keohane, editor. Chapter 5, Kenneth N. Waltz: Anarchic Orders and Balance of Power. p. 98
2 Hans Morgenthau/ Politics Among Nations  - the struggle for power and peace(1950), New York::A. Knopf . p. 13
3 Hans Morgenthau, Politics Among Nations, The struggle for Power and Peace, ( New York: Alfred A. Knopf ),
4 Hans Morgenthau and Kenneth Thompson, Politics Among Nations, 6th edition (New York: McGraw-Hill, 1985), p. 165.
5 John J. Mearsheimer, The Tragedy of Great Power Politics. New York: W.W. Norton, 2001. p. 21
6 John J. Mearsheimer, The Tragedy of Great Power Politics. New York: W.W. Norton, 2001. p. 32


Веб линкови:

•    http://www.e-ir.info/2009/07/23/comparing-and-contrasting-classical-realism-and-neo-realism/
•   http://www.people.fas.harvard.edu/~plam/irnotes07/Morgenthau1948.pdf
•    http://muse.jhu.edu/journals/ins/summary/v027/27.1snyder.html
•    http://www.cfr.org/world/review-tragedy-great-power-politics/p6659

Користена литература:

•    Politics Among Nations, The struggle for power and peace/ Hans J. Morgenthau
•    The Origins of War in Neorealist Theory/ Kenneth N. Waltz. Journal of Interdisciplinary History, Vol. 18, No. 4, The Origin and Prevention of Major Wars. (Spring, 1988), pp. 615-628
•    The tragedy of great Power Politics/ John J. Mearsheimer. p. 28-55
•    From Dictatorship to Democracy/ Gene Sharp/ p. 10 – 102
•    International relation/ Prof. Dr George Tonoski/ p. 5 - 59

Автор: Сунаи Сабриоски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни