X
 27.01.2015 Образование

Северна Кореја во потрага по странци кои ќе предаваат англиски јазик

северна кореја 

 

Владата на Северна Кореја бара странски волонтери кои ќе ги учат англиски идните туристички водичи во оваа земја.


Програмата која нуди едномесечно сместување на факултетот за туризам во Пјонгјанг, ја води позната туристичка компанија која ветува „невидено ниво на интеракција со локалните Корејци“.

Агенцијата наведува дека бара луѓе со положен TOEFL (кои можат да го предаваат англискиот како странски јазик) или знаење од областа на туристички менаџмент за да можат „позитивно да придонесат за растење на туристичката индустрија на оваа земја“.

Програмата за секој волонтер изнесува 1.000 евра, а оваа сума го покрива патувањето, сместувањето и туристичките екскурзии.

Од 2009 година започна да расте интересирањето за Северна Кореја, па така секоја година, оваа земја ја посетуваат околу 6.000 луѓе од запад.

Меѓу нив се и американски граѓани на кои американската влада силно им препорачува да ја заобиколат оваа територија. Се проценува дека секоја година во Северна Кореја одат околу 100 илјади Кинези. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование