X
 06.02.2015 Образование

Професорски пленум: Временото одлагање на законот ќе даде простор за изготвување на нов закон за Високо образование

Соопштение од Професорки пленум по повод средбата во кабинетот на Груевски

Професорскиот пленум ја прифати поканата да оствари средба со премиерот Груевски како дел од работната група на УКИМ, заедно со претставниците на Студентскиот пленум.

Ставот на Професорскиот пленум е неколкупати јавно истакнат и тој ќе му биде предочен и на премиерот Груевски - разговори околу нов закон за Високо образование се можни, откако ќе биде одложена примената на последните законски измени на Законот за високо образование (ЗВО). Временото одлагање до 2018 година ќе даде простор и доволно време да се вклучат сите засегнати страни во процесот и да дадат свој придонес во изготвувањето на нов закон за високо образование кој ќе се темели на длабинска анализа на сегашната состојба, досегашните политики и потребите на македонскиот образовен систем. Само ваков процес е гарант дека Македонија ќе има квалитетна законска рамка за спроведување на современо образование кое соодветствува на условите и потребите на општеството. Во овој процес, Професорскиот пленум ќе се вклучи сесрдно, но, не пред да се создадат услови, односно да се одложи спроведувањето на последните измени на ЗВО.

Професорскиот пленум стои на своите ставови дека усвоените промени се лоши и неприменливи, но што е поважно тие се неуставни, анти-реформски и длабоко задираат во автономијата на универзитетот.

Универзитетот припаѓа на академската заедница, НА СТУДЕНТИТЕ, на ПРОФЕСОРИТЕ и политичарите мора да ги слушаат НИВ во процесот на креирање политики кои се однесуваат на образованието.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование