X
 07.02.2015 Образование

Турбуленции во високото образование, а во меѓувреме СПУКМ ужива во продолжени мандати


Се' започна во вторникот, кога на состанокот на Генералниот пленум беше најавена можна окупација на факултетите од страна на Студентскиот пленум. Медиумите веднаш известија за решителноста на студентите да не се откажат од борбата за своите права. Истовремено, чекавме да пристигне 10-ти февруари, денот кога требаше да се одржи состанок на работна група по иницијатива на УКИМ. На оваа работна група беа повикани претставници од Студентскиот пленум, Професорскиот пленум, СПУКМ и Министерот за образование и наука. Целта на работната група беше разговор за новиот закон за образование, кој веќе беше донесен.

Студентскиот пленум беше јасен во своите намери. Тие, како единствениот вистински глас на студентите, беа решени да не дозволат ништо помалку од повлекување на овој закон. Тогаш, премиерот одеднаш ги беше повикал Студентскиот пленум на средба во, народски кажано, 5 до 12. Пленумците присуствуваа на состанокот и постојано не' известуваа сите за течењето на настаните преку социјалните мрежи. На средбата беше одлучено одложување на државниот испит и имплементирањето на останатите членови на новиот закон за образование. Дали студентите победија? Или ова е уште еден трик?

Пред се', нејасно е зошто премиерот не и' се обрати на целата јавност во поглед на својата желба за средба со пленумот. Зарем Студентскиот пленум не е гласот на студентите и сите одлуки се донесени од страна на самите студенти? Дали интерните пленуми заедно го изгласаа прифаќањето на понудата од страна на Груевски?

Потоа, се спомена подготвување подготвување нов закон за високо образование и дефинтивно одложување од страна на Владата. Професорскиот пленум весело го потврди ова и ги изрази своите намери за учество во подготовката на новиот закон. Студентскиот пленум е присутен, исто така. Тие изјавија дека ќе останат будни и понатаму и дека ќе се борат во име на студентите, кои треба да бидат вклучени во изготвувањето на новите промени. Со каква изјава се појавија СПУКМ?

НИКАКВА!

Каде се претставниците од Студентскиот парламент во сиот овој период? Зарем не се тие претставници на студентите?

Потсетуваме дека досега требаше да бидат организирани и новите избори за претседател на СПУКМ. Мандатот на сегашните избраници заврши пред неколку месеци! Студентите имаат право да знаат што се случува!

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование