Коалицијата „Заедно за Животните“ апелираат до сите граѓани на Македонија да се пријават и активно да се вклучат во помошта за настраданите животни во поплавите во Македонија. Сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк: http://poplavi.zaednozazivotnite.mk/Volontiraj.html
„ Од причина што од природните непогоди кои ја зафатија нашата држава, на поплавените подрачја - жртви се не само луѓето, туку и животните, за што сведочат повеќе фотографии кои кружат на социјалните мрежи. Се обраќаме до јавноста и институциите, Дирекцијата за заштита и спасување како и до Агенција за храна и ветеринарство да и нив како живи битија не ги забораваат, туку да им се помогне. “ – велат едноласно од Коалицијата „Заедно за Животните“.
Ги повикуваат граѓаните да се вклучат во акција за спасување на настраданите животни сместувајќи ги на безбедно место, или да ги контактираат здруженијата давајќи точна информација за локацијата каде што животните се во опасност.
„ Апелираме и да граѓаните кои ќе затекнат животно во опасност сторат се или некоја од овие постапки: го ослободат (одврзат) животното, се обидат да го сместат на безбедно, му дадат по можност храна и вода и да се побара помош. За да ја подигнеме јавната свест, или побараме помош и од инстутуциите, ги повикуваме граѓаните и да ни доставуваат фотографии и информација за точната локација.“ – велат од Коалицијата „Заедно за Животните“.
Анима Мунди, Гласот за животните – Велес, Мали Херои – Битола, Animal World - Струга и останатите активисти на коалицијата се ставаат на располагање да во својот реон помогнат и директно интервенираат. Посочуваат дека не располагаат со техничка опрема и понудата се однесува на луѓе - волонтери кои би се обиделе да помогнат.