X
 17.02.2015 Образование

Aвтономна зона УКЛО: Ние сме тука за да покажеме дека имаме силна волја и силен став

Автономна зона на Техничкиот факултет во Битола прогласи  денеска на пладне битолскиот Студентски пленум.

 

зона

 

Со ова студентите од универзитетот „Св. Климент Охридски“  им дадоа поддршка на своите колеги од Скопје во барањата за укинување на Законот за високо образование и донесување на нов со поголема вклученост. Тие велат дека ќе останат во автономната зона се до исполнување на барањата, и ќе ја опструираат редовната настава на Техничкиот факултет, додека испитите ќе се одвиваат непречено.


Фотографии од автономна зона УКЛО

„Ние сме тука за да покажеме дека имаме силна волја и силен став да промениме нешто во ова општество, односно заедно да изработиме еден подобар Закон за високо образование кој што ќе биде од полза на сите. Баби и дедовци, ние излегуваме и за вашите внуци, мајки и таковци, тука сме и за вашите деца, излегуваме и за нас и за идните студенти, изјави Соња Ангелевска“, од Студентскиот пленум-Битола

Студентите ги повикаа сите колеги, но и граѓаните да им дадат поддршка и очекуваат нивниот број во наредните денови да се зголеми.

„Секој кој што е заинтересиран да донира и да помогне на било кој начин, со храна, со пијалоци, може да дојде тука и директно да ни ги донесе. Секаков вид на помош е добредојдена. Имаме каде да престојуваме, одредени се простории, има кодекс на однесување. Ги повикуваме сите средношколци и студенти да ни се приклучат во автономната зона“ изјави Борис Николевски од Студентскиот пленум- Битола.

 

зона


Се пожалија дека во изминатите неоклоку денови, додека се подготвуваа за прогласување на автономна зона на Техничкиот факултет во Битола, се соочиле со притисоци и закани, но не сакаат да прецизираат од кого.

„Имаше притисоци кон студентите да не излегуваат на ова ослободување и прогласување автономна зона на Техничкиот факултет, бидејќи навдно тоа не е во наш интерес“, изјави Ангелевска.

Животот на студентите во Автономната зона во наредниот период ќе се одвива по утврдена програма.  Организирани се алтернативни предавања, изложби, гостувања на музички бендови и други активности кои ќе се одвиваат во аулата на Техничкиот факултет во Битола. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование