Со децении, Тјуринг тестот се користи како мерило со кое се мерат способностите на вештачката интелигенција. Но, сега тим на Фејсбук истражувачи развија сет на природни и логички прашања за кои мислат дека секоја добра вештачка интелигенција треба да биде способна да ги одговори.
Развиени од страна на тимот на лабораторијата за вештачка интелигенција во Њујорк, истражувачите велат дека голем дел од постоечките системи за учење моментално не можат да ги решат.
Ви нудиме три примери од овој вид на прашања, а доколку не можете да ги решите, веројатно ќе ве утеши фактот што нитуеден од седумте различни компјутерски алгоритми не можеше да одговори на сите 20 прашања точно.
Тестот сака да покаже дека компјутерите одат малку подалеку во разбирање на светот со својата компјутерска сложеност.
Пример 1
Џон зеде јаболко.
Џон отиде во канцеларијата.
Џон отиде во кујната.
На Џон му падна јаболкото.
Каде беше јаболкото пред кујната?
Пример 2
Триаголникот е десно од синиот квадрат.
Црвениот квадрат е над синиот квадрат.
Црвената сфера е десно од синиот квадрат.
Дали црвениот квадрат е десно од синиот квадрат? Дали црвениот квадрат е лево од триаголникот?
Пример 3
Фудбалската топка ја собира во куферот.
Куферот го собира во плакарот.
Кутијата со чоколади е помала од фудбалската топка.
Дали кутијата со чоколадо ја собира во куферот?
Одговори:
Пример 1: канцеларија
Пример 2: да; да
Пример 3: да