На Земјата живееле навистина големи суштества во текот на нејзината историја. Тука се наоѓаат диносаурусите, праисториските ајкули, па и денешните китови. Дали знаете кој е најголемиот жив организам на Земјата во моментов? Не е она што мислиме.
Најголемото живо нешто на Земјата е печурка. Нејзините подземни корени ја прават најголема на планетата. Еден вид од печурката со име Humongous fungus расте на површина од речиси 9 квадратни километри.
Најголемата од печурките денес може да се најде во Националниот парк „Малор“ во САД. Таа растела изминатите 2.400 години. Само овој организам се наоѓа на голем дел од шумата, а поголемиот дел од него живее под земјата.
За жал, печурката ја уништува шумата во која живее. Таа ги јаде корените на останатите организми и наскоро шумата ќе исчезне.
Овој вид печурка речиси не може да се уништи.
Но, иако уништува се' околу себе, печурката е неверојатна. Таа има природна светлина.